алт=Village Vanguard at night 2018|десно|мини|300x300пкс|„Вилиџ Вангард“ во Њујорк, 2018 година „Вилиџ Вангард“ е џез клуб на Седмата авенија Саут во Гринич Вилиџ, Њујорк Сити. Клубот бил отворен на 22 февруари 1935 година од Макс Гордон. Првично, во клубот се слушала фолк музика и бит поезија, но станал првенствено џез клуб во 1957 година. Оттогаш бил домаќин на многу познати џез музичари, а денес е најстариот џез клуб во Њујорк Сити.
Историја
Рани години Макс Гордон го отворил „Вилиџ Вангард“ во 1934 година на улицата Чарлс и авенијата Гринич во Менхетен, Њујорк. Тој имал намера да биде форум за поети и уметници, како и место за музички настапи. Поради тоа што клубот не ги задоволувал условите, на Гордон му била одбиена дозволата за кабаре од страна на полициската управа. Во својата автобиографија напишал: „Знаев дека ако некогаш успеам да постигнам нешто во бизнисот со ноќни клубови, ќе морам да најдам друго место со два тоалета, два излеза, на шеесет метри оддалеченост од црква или синагога или училиште, и со кирија под 100 долари месечно.“Max Gordon, Live at the Village Vanguard (New York: Da Capo Press, 1980), p. 25. . Во 1934 година, го преселил својот бизнис и го купил „Златниот триаголник“, на адресата Седма авенија Југ, број 178.
Објектот ги отворил своите врати во 1935 година.Martin Williams, Jazz Heritage (New York: Oxford University Press, 1985), p. 137. . Структурата на подрумот била како рамнокрак триаголник. Откако го купил имотот, Гордон го променил името на клубот во Вилиџ Вангард.
Како и неговиот прототип на улицата Чарлс, „Вангард“ бил посветен на поетски читања и народна музика. Во текот на 1930-тите и 1940-тите, посетителите слушале поезија од Максвел Боденхајм и Хари Кемп, блуз и народна музика од Лид Бели и карипско калипсо од Дјук оф Ајрон.Martin Williams, Jazz Heritage (New York: Oxford University Press, 1985), p. 137. . Сликарите дискутирале за Шпанската граѓанска војна,Lorraine Gordon, Alive at the Village Vanguard: My Life in and Out of Jazz Time (New York: Hal Leonard Corporation, 2006), p. 97. . а комичари како Фил Лидс настапувале со стендап.
Џез лево|мини|Максин Саливан, март 1947 година Лорејн Гордон, сопругата на Макс Гордон, напишала: „Сепак, најголемата причина зошто моите другари и јас одевме во Вангард беше затоа што имаше џез сесии попладне во недела. Можеше да се слушне Лестер Јанг, Бен Вебстер, сите најголеми џез музичари за педесет центи на врата или нешто слично.“ Иако џезот сè уште не бил главна атракција во клубот, таму настапувале мали, свинг групи.Martin Williams, Jazz Changes (New York: Oxford University Press, 1992), p. 262. . Во 1930-тите и 1940-тите, Сидни Беше, Уна Меј Карлајл, Арт Хоудс и Мери Лу Вилијамс сиреле во Вангард. Според Лорејн Гордон, „со текот на времето, Макс почнал да закажува настапи, често по три навечер. Многумина се покажале како џез музичари од висок калибар.“ Во 1940 година, Рој Елдриџ настапувал во Вангард. Со развојот на модерниот џез во 1940-тите, мали групи доминирале во „Вангард“. Студентите и уметниците во Гринич Вилиџ се заинтересирале за џезот.John Hasse, Jazz First Century (New York: Harper Collins, 2000), p. 117. . Во 1940 година, било формирано резидентно трио од Еди Хејвуд, Зути Синглтон и Џими Хамилтон.John S. Wilson, "Eddie Heywood, 73, Jazz Pianist, Arranger and Composer, Is Dead" , The New York Times, January 4, 1989. десно|мини|Декстер Гордон и Бени Бејли во 1977 година До 1957 година „Вангард“ ги ангажирал Мајлс Дејвис, Хорас Силвер, Телониус Монк, Гери Малиган, Модерн џез квартет, Џими Џуфре, Сони Ролинс, Анита О’Деј, Чарли Мингус, Бил Еванс (редовен настап), Стен Гец, Кармен Мекре.“
Со тоа што му закажале настап на Монк „Вангард“ се етаблирале како клуб каде релативно непознат музичар може да ја започне кариерата. Приказната започнала со првата средба помеѓу Макс и Лорејн, кои се запознале во пекарницата „Блубел“, мало и пријатно место на Фаер Ајленд. Откако Лорејн влегла и го забележала Макс, за кого знаела дека е сопственик на „Вангард“, му предложила Монк да настапува во клубот една недела. Макс ја прифатил идејата и на 14 септември 1948 година Монк за првпат настапил во „Вангард“. Почетниот одзив бил разочарувачки — речиси никој не се појавил, ниту џез критичари ниту познавачи на жанрот. Сепак, Лорејн продолжила силно да верува во талентот на Монк и постојано го поддржувала, што со текот на времето му помогнало да стане една од најзначајните фигури во џез музиката.
Од 1950-тите па натаму, „Вангард“ бил водечкото место за џез, започнувајќи многу познати кариери и одржувајќи други во подем.John Hasse, Jazz First Century (New York: Harper Collins, 2000), p. 117. . Оркестарот „Тад Џонс - Мел Луис“, се преименувал во Вангард Џез Оркестар и свирел секој понеделник помеѓу 1966 и 1990 година.
Макс Гордон починал на 11 мај 1989 година. Денот потоа, Лорејн го затворила „Вангард“; а следниот ден, го отворила повторно и продолжила да го води местото. На 9 јуни 2018 година, Лорејн Гордон починала од мозочен удар на 95-годишна возраст.
Снимки „Вангард“ помогнал во започнувањето на многу кариери и а во подрумот биле снимени многу снимки кои се сметаат за ремек-дела, што го прави клуб со меѓународно реноме. На 3 ноември 1957 година, за време на некои од првите сесии за снимање во клубот, Сони Ролинс, тенор саксофонист, снимил три ЛП-ја.
По Ролинс, снимките продолжиле; Концертниот џез бенд на Гери Малиган настапил и снимал таму во декември 1960 година, по враќањето од европска турнеја.
Џон Колтрејн и Бил Еванс, обајцата снимале во 1961 година (Еванс исто така само три месеци пред неговата смрт во 1980 година). Албумот на Колтрејн бил составен од пет наслови земени од 22 снимени песни во текот на четири ноќи во „Вангард“. Во 1962 година бил издаден „Секстетот „Канонбол Адерли“ во Њујорк . Оркестарот „Тед Џонс/Мел Луис“ настапувал секој понеделник почнувајќи од 1965 година, снимајќи неколку пати, а во 1976 година бил домаќин на настапот „Homecoming“ на Декстер Гордон со Вуди Шо. Расан Роланд Кирк настапил на неколку концерти во „Вангард“ во мај 1970 година, кои биле снимани за неговиот албум „Расан Расан“. Во текот на истата година и со само четири месеци разлика, Пет Патрик и Телониус Монк свиреле заедно во „Вилиџ Вангард“.
Во 2013 година, Рави Колтрејн, синот на Џон Колтрејн, настапил во „Вилиџ Вангард“.
Сесил Меклорин Салвант снимила многу од песните од нејзиниот албум „Dreams and Daggers“ во живо во „Вангард“. Албумот освоил Греми награда за најдобар џез вокален албум во 2018 година.
Поврзано
Список на џез клубови
Наводи
Надворешни врски
Официјална веб-страница Лара Пелегринели, „Соба со свој живот“, од Најфасцинантните џез клубови во Америка, New Music Box. „Во живо во Вилиџ Вангард“, jazz.com. Концерти во живо од The Village Vanguard во NPR Music. Вилиџ Вангард - Џез клуб во Њујорк | Портрет, 4 во клубот (на германски) Категорија:Џез