Buglossoides — род кој се состои од 15 видови едногодишни или повеќегодишни билки, кои потекнуваат од Европа и Азија. Тие растат природно во живеалишта кои се од сончеви грмушести до карпести падини и шумски области.
Опис
Овие растенија се покриени со тенки влакна. Стеблата се исправени или раширени, разгранети или неразгранети, со едноставни овални до копјести листови. Малите цветови во облик на инка имаат проширени лобуси и обично се сини или бели. Цветовите се собрани во цимозни соцветија. Повеќегодишните видови кои се ризоматозни можат да станат инвазивни и тешки за одгледување. Прашниците се покуси од венечната трубичка. Плодот се распаѓа на четири едносемени оревчиња.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 84-85, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Одгледување Тие се погодни за диви и шумски градини. Може да се одгледува ова растение во влажна, добро дренирана почва која е неутрална до алкална. Се размножува со семе, или со делење.
Видови Прифатени се овие видови:
Buglossoides arvensis - расте во Македонија Buglossoides czernjajevii Buglossoides glandulosa - расте во Македонија Buglossoides incrassata - расте во Македонија Buglossoides minima Buglossoides rochelii Buglossoides sibthorpiana - расте во Македонија Buglossoides tenuiflora - расте во Македонија
Видови кои порано биле сместени тука
Aegonychon calabrum (како Buglossoides calabra ) Aegonychon purpurocaeruleum (како Buglossoides purpurocaerulea ) - расте во Македонија Aegonychon zollingeri (како Buglossoides zollingeri )
Наводи
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа