мини|Бади Болден 1905 Чарлс Џозеф „Бади“ Болден (6 септември 1877 — 4 ноември 1931) — американски корнетист кој и од своите современици, а и од подоцнежните џезисти, бил сметан за клучна фигура во развојот на стилот на регтајм музиката од Њу Орлеанс, или „џес“, кој подоцна станал познат како џез.

Детство Кога се родил, таткото на Болден, Вестмор Болден, бил возач на Вилијам Вокер, поранешниот робовладетел на дедото на Бади, Густавус Болден, кој бил роден во Луизијана во 1806 година, а починал во 1866 година. Густавус најверојатно бил роден како роб, иако нема дефинитивни записи. Неговата мајка, Алис (родена Харис), имала 18 години кога се омажила за Вестмор на 14 август 1873 година. Вестмор Болден имал околу 25 години во тоа време според записите од тоа време. Кога Бади имал шест години, неговиот татко починал, по што момчето останало да живее со мајката и другите членови на семејството. Во записите од тој период, презимето се пишува различно како Болен, Болдинг, Болдан и Болден, што го комплицира истражувањето. Бади веројатно одел во училиштето Фиск во Њу Орлеанс, иако доказите се индиректни, бидејќи недостасуваат рани записи за ова и други локални училишта.

Музичка кариера Болден бил познат како „Кралот“ Болден, а неговиот бенд го достигнал врвот во Њу Орлеанс од околу 1900 до 1907 година. Тој бил познат по својот гласен звук и импровизациски вештини, а неговиот стил имал влијание врз помладите музичари. Тромбонистот на Болден, Вили Корниш, меѓу другите, се сеќавал дека правел снимки на грамофонски цилиндри со бендот на Болден, но не е познато дали се зачувани. мини|Оркестарот Болден околу 1905 година (горе: Џими Џонсон, бас; Болден, корнет; Вили Корниш, тромбон; Вили Ворнер, кларинет; долу: Брок Мамфорд, гитара; Френк Луис, кларинет) Многу рани џез музичари кажуваат дека Болден и неговите соработници се заслужни она што подоцна стана познато како џез, иако терминот не бил во општа музичка употреба сè додека Болден не стана музички активен. Џез историчарот Тед Џоја го нарекол Болден татко на џезот, и дообјаснил: „дури и ако тој не го измислил џезот, тој го совладал рецептот за него, кој ги комбинирал ритмите на регтајмот, нотите и акордите на блузот и инструментацијата извлечена од дувачки оркестри и гудачки ансамбли од Њу Орлеанс“. Во својата „Нова историја на џезот“, Алин Шиптон го опишал Болден како изумител на „музиката што стана џез“. Тој ја создал полабавата, поимпровизирана верзија на регтајм и додавањето блуз; се вели дека бендот на Болден бил првиот што имал дувачки инструменти што свиреле блуз. Исто така, се вели дека адаптирал идеи од госпел музиката што се слушала во афроамериканските баптистички цркви во центарот на градот. Hardie, Daniel, The Loudest Trumpet: Buddy Bolden and the Early History of Jazz (self-published via iUniverse, 2000), 86–87. .

Наместо да имитира други корнетисти, Болден ја свирел музиката што ја слушал „на уво“ и ја прилагодил на својот инструмент. Притоа, тој создал возбудлив и нов спој на регтајм, црна сакрална музика, музика од марширачки оркестар и рурален блуз. Тој го преуредил типичниот танцов бенд од Њу Орлеанс од тоа време за подобро да се прилагоди на блузот: гудачките инструменти станале ритам секција, а водечки инструменти биле кларинети, тромбони и корнетот на Болден. Болден бил познат по својот моќен, гласен, „широко отворен“ стил на свирење.Barlow, William. "Looking Up At Down": The Emergence of Blues Culture. Temple University Press (1989), pp. 188–191. . Џо „Кинг“ Оливер, Фреди Кепард, Банк Џонсон и други рани џез музичари од Њу Орлеанс биле директно инспирирани од неговото свирење.

Една од најпознатите нумери на Болден е Фанки бат (анг. Funky Butt) (подоцна познат како Бади болденс блуз (Buddy Bolden's Blues)), што претставува едно од најраните упатувања на концептот на фанк во популарната музика. Фанки бат на Болден била, според зборовите на Дени Баркер, упатување на мирисниот ефект на аудиториум преполн со испотени луѓе „кои танцуваат блиску еден до друг и се тријат по стомакот“. Оваа мелодија била хит во Њу Орлеанс во тоа време: кларинетистот Сидни Беше се присетил дека „полицијата ве ставаше во затвор ако ве чуеше како ја пеете таа песна“.

Болден е заслужен и пронаоѓањето на „Големата четворка“, клучна ритмичка иновација во ритамот на марширачкиот оркестар, што има дадено на раниот џез повеќе простор за индивидуална импровизација. Како што објаснил Винтон Марсалис, големата четворка (подолу) е првиот синкопиран шаблон на бас тапан што отстапил од стандардниот ритмички марш. Втората половина од Големата четворка е шаблонот општо познат како хабанера ритам развиен од субсахарските африкански музички традиции .

Физичко и ментално опаѓање Болден имал епизода на акутна алкохолна психоза во 1907 година на 30-годишна возраст. Со целосна дијагноза на деменција праекокс (денес наречена шизофренија), тој бил примен во Џексоновата Државна лудница, ментална институција, каде што и починал Според современите истражувања најверојатно Болден имал пелагра, недостаток на витамини вообичаен кај сиромашните и црните групи во населението, кој во 1907 година се проширил низ јужните Соединети Држави. Во својот есеј „Џезот и попреченоста“, Џорџ Мекеј го позиционирал Болден (заедно со европскиот гитарист со попреченост Џанго Рајнхарт) како клучна фигура во инклузивниот капацитет на оваа нова музика: „Очигледно од работ, на работ на здравото ментално здравје или на самиот нормален живот, Бади Болден се чини дека имал ум што му дозволувал да слуша и да создава нова музика...“ Смртта на Болден на 4 ноември 1931 година, според посмртницата, била предизвикана од церебрална артериосклероза.

Личен живот мини|Ваја во чест на Болден во паркот Луис Армстронг во Њу Орлеанс.Во 1895–1896 година, Болден започнал врска со Хариет „Хети“ Оливер, жена која била неколку години постара од него. Нивната врска била кратка и иако никогаш не се венчале, таа го родила нивниот син, Чарлс Џозеф Болден Помладиот, на 2 мај 1897 година.

Наводи

Надворешни врски

Бади болден на Националното јавно радио (САД)

Категорија:Починати во 1931 година Категорија:Родени во 1877 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис Категорија:Џез-музичари Категорија:Американски џез-музичари Категорија:Американски корнетисти