Buglossoides incrassata е широколисно растение од родот Buglossoides.
Опис
Ева е едногодишно растение. Стеблото му е високо 5–20 цм, поединечно, вертикално или од основата се издигнуваат неколку стебленца кои се обично полегнати, препокриени со прилегнати, прости четинести влакна. Листовите од двете страни препокриени со прилегнати, прости четинести влакна. Цветовите се собрани во врвно, збиено соцветие, кое при формирање на плодот се издолжува. Цветните дршки се многу куси, со прилегнати, прости четинести влакна, при формирањето на плодот тие се обратноконусовидно задебелени, речиси со еднаква ширина како и чашката. Чашката 3–4 мм долга, препокриена со прилегнати или полустрчести прости четинести влакна. Венчето е 5–7 мм долго, сино, тесно инковидно, од надворешната страна со прилегнати, прости четинести влакна, венечната трубичка е тесно цилиндирчна, речиси со еднаква должина со чашката, во близина на отворот со 5 надолжни набори по чии рабови се присутни многу куси одвај забележливи влакненца.
Расте покрај патишта, ниви, по брдски и планински пасишта и камењари, почесто на варовничка подлога, и на надморска височина до 1750 метри.
Во Македонија Познат е за Жеденска Клисура, Рашче, Сува Гора, го има во селата Мерово, Здуње, Ново Село, Волковија, Чајле, Беловиште, Куманово, Валандово, Кичевско, Суво Поле, Маврово, Бистра, Галичник, Бошков Мост, Галичица, Преслап, Преспа, Стење и Коњско и Козјак.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 89-90, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Подвидови Познати се овие подвидови:
* ''B. i. incrassata''
* ''B. i. splitgerberi''
Наводи
Категорија:Флора на Македонија