Просеник (, Скотуса, до 1926 година Πρόσνικ, Просник) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено населено исклучиво со Македонци, а денес тие се огромно мнозинство.
Географија Селото се наоѓа на 15 км северозападно од градот Сер, на железничката линија Кулата - Валовишта - Сер - Драма.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век и почетокот на XX век Просеник било чисто македонско село во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Просеник (Prossénik) било село со 112 домаќинства сочинети од 380 Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов го посочува селот како дел од областа Овакол и вели:
Во 1891 г. Васил К’нчов го посетил Серско и го забележал следново за стопанскиот напредок на Просеник:
Според статистиката на К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 900 жители, сите Македонци христијани. Сите христијани во Просеник биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото живееле 1.280 Македонци патријаршисти. Во селото имало грчко основно училиште со 1 учител и 30 ученици.
На почетокот на 1909 г. околу 60 семејства од селото прешле под врховенството на Бугарската егзархија.Йордан Иванов. „Български старини из Македония“. София, 1931, стр. 224. Според егзархискиот училиштен инспектор в Сер Константин Георгиев во 1910 г. во Просеник учителствувале Стоил Димитров и З. Стојанова. Имало 45 ученици (25 машки и 20 женски). Училиштето го користеле само гркоманите.Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, 2005, София, стр. 142 – 143.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 913 жители, а во 1920 г. тоа се намалило на 774 лица, што се должи на извесно иселување непосредно по Првата светска војна. Во 1924 г. власта тука доселила 263 грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Скотуса по античкиот град со тоа име согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.
Во 1920-1927 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.
На пописот од 1928 г. селото имало 1.307 жители, од кои Македонците биле апсолутно мнозинство.
+ Месности во Просеник преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Капсида Καψίδα Агона Άγονα Кондур Караагач или Кудур Караагач Κουντούρ Καραγάτς Микра Дендра Μικρά Δένδραвозвишение на ЈЈЗ од Топалово (26 м) Малаалпи Μαλααλπί Мистри Μυστρί Корасмат Κορασμάτι Дијаставросис Διασταύρωσις Копла Κόπλα Скамата Σκάμματαмесност на ССИ од Просеник, по левиот брег на Белица Трнок Ταρνόκι Петалон Πέταλλονмесност на ССИ од Просеник, по левиот брег на Белица
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1920-1927 г.
Личности Андон Ангелов — борец во МОО, 22-годишен, земјоделец, I чета на XI Серска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен Антониос Думбас (? - 1944) — деец на грчката вооружена пропаганда во Македонија Атанас Василев (1887 – ?) — борец во МОО, четата на Дончо Златков Атанас Карајованов — револуционер, деец на ВМОРО, починал пред 1918 г. Атанас Хаџипантазиев (1883 – 1907) — гркомански андартски капетан Васил Николов (1887 – ?) — борец во МОО, I чета на XI Серска дружина, носител на крст „За храброст“ IV степен Дафина Просеничка — народна пејачка од XIX век Запро Стаматов (1886 – ?) — борец во МОО, I чета на XI Серска дружина Замприс Цјатарос — деец на грчката пропаганда во Македонија Илија Ангелов, ополченец, V Ополченска дружина Илија Петров (1892 – ?) — борец во МОО, I чета на XI Серска дружина Илијас Миљос — деец на грчката пропаганда во Македонија Константинос Папаниколау — гркомански агент (III класа) на грчка андартска чета Софија Хаџипантазиева — гркомански андартски деец Томас Зембирис — деец на грчката пропаганда во Македонија Штерју Влахов (1884 – 1924) — револуционер
Наводи
Категорија:Просеник