Општина Ново Село () — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Видинската област. Административен центар е селото Ново Село. Општината има 2.581 жители (2022).
Географија Општината е сместена во северниот дел на Видинската област. Со површина од 109,487 км2 го зазема последното 11-то место меѓу општините во областа, што претставува 3,58% од територијата на областа.
Релјефот на општината е рамничарски, а во јужниот дел слабо ридски. Околу 2/3 од нејзината територија е зафатена од пространата и рамна Бреговско-Новоселска Низина, сместена по должината на брегот на реката Дунав.
Самоуправа Општината се состои од 5 села:
Винарово Јасен Неговановци Ново Село Флорентин
Наводи
Поврзано Област Видин Општини во Бугарија
Надворешни врски Мрежно место на Општина Ново Село
Ново Село