Општина Ружинци () — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Видинската област. Административен центар е селото Ружинци. Општината има 3.779 жители (2022).

Географија Општината е сместена во југоисточниот дел на Видинската област. Со површина од 232,555 км2 го зазема 6-тото место меѓу 11-те општини во областа, што претставува 7,61% од територијата на областа.

Релјефот на општината е разновиден — во северниот дел е рамничарски, додека во јужниот е ридски и нископланински, заземајќи делови од Западниот Предбалкан и Западната Дунавска Рамнина. Просечната надморска височина се движи помеѓу 200 и 500 метри.

Самоуправа Општината се состои од 10 населени места, сите со статус на села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Бело Поле Ѓургич Динково Дражинци Дреновец Плешивец Роглец Ружинци''' Тополовец Черно Поле

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место на Општина Ружинци

Ружинци