мини|Пример за сесија на играта D&DDungeons & Dragons (скратено: D&D, DnD; македонски: Зандани и змејови) — настолна игра со улоги во жанрот фантазија, развиена од Гери Гајгакс и Дејв Арнесон. За првпат е објавена во 1974 г. од компанијата Tactical Studies Rules, Inc. (TSR). Од 1997 г., играта ја издава компанијата Wizards of the Coast (WotC). Македонската издавачка куќа „Полиграматон“ објавила македонски поимник за играта Dungeons & Dragons.

Создавање Првично, Dungeons & Dragons претставувала додаток за настолната воена игра Chainmail. Главната разлика била воведувањето на разни фантастични суштества и магични предмети во играта. Потоа, наместо воени единици, играчите почнале да управуваат со поединечни ликови, а дејството на игрите било пренесено во зандани. Занданџијата (англ. Dungeon Master) е судија и раскажувач. Играчите создаваат група од неколку ликови што содејствуваат со околниот свет, решаваат разни судири, учествуваат во битки и добиваат награди.

Раниот успех на Dungeons & Dragons довел до ширење на слични системи за играње. Во 1977 г., системот бил поделен на две гранки: поедноставната за учење Dungeons & Dragons (D&D) и постуктурираната Advanced Dungeons & Dragons (AD&D). Во 2000 г., излегло третото издание што го вовело популарниот d20 System, кој станал индустриски стандард. Петтото и моментално издание (објавено во 2014 г.) ја вратило едноставноста на играта и придонело за нејзина масовна популарност преку серии како Почудни нешта.

Структура Во играта учествуваат занданџија и неколку играчи. Занданџијата дејствува во име на сите неиграчки ликови, ја опишува околината и ги води играчите низ приказната, притоа балансирајќи меѓу улогата на судија и творечки соработник.

Секој учесник задава дејства за својот лик, а нивниот успех зависи од комбинација на способностите на ликот и фрлање на многустрани коцки. Клучниот елемент е d20 (коцка со дваесет страни), која се користи за проверка на напади, вештини и спасоносни фрлања. «The Role-Playing Game and the Game of Role-Playing»Slavicsek, Baker; Dungeons & Dragons for Dummies p. 293

Традиционално, играта се потпира на три основни прирачници: Player’s Handbook (Прирачник за играчи) Dungeon Master’s Guide (Водич за занданџијата) Monster Manual (Прирачник за чудовишта)

Иако често се користат карти и минијатурни фигури за визуелизација на борбите, играта во суштина се одвива во „театарот на умот“, каде вообразбата на учесниците е главната сцена.

Наводи

Надворешни врски Македонски поимник за Dungeons & Dragons — „Полиграматон“

Категорија:Игри на маса