Сер Артур Џорџ Тенсли FLS, FRS (роден на година во - починал на година во ) — англиски ботаничар и пионер во наука за екологија.
Образован во училиште Хајгејт, Универзитетски колеџ во Лондон и колеџ Тринити во Кембриџ, Тенсли предавал на овие универзитети и во Оксфорд, каде што работел како професор по ботаника до негово пензионирање во 1937 година. Тенсли го основал списанието Нов фитолог во 1902 година и бил негов уредник до 1931 година. Тој бил пионер на наука за екологија во Британија, под силно влијание на работа на дански ботаничар Евгениус Ворминг, и го вовел концепт на екосистем во биологија. Тенсли бил еден од основачи на прво професионално друштво на екологисти, Централeн комитет за истражување и проучување на британска вегетација, кое подоцна го организирало Британско еколошко друштво и служел како негов прв претседател и основачки уредник на списаниет Журнал за Екологија. Тенсли бил и прв претседател на Британско здружение за заштита на природа.
Тенсли бил избран за член на Кралско друштво во 1915 година а прогласен за витез во 1950 година.
Новиот фитолог редовно објавува „Тенсли ривјус“, додека „Новиот фитологистички фонд“ доделува медал „Тенсли“ и двата именувани во негова чест.
Поранешен живот и образование Тенсли бил роден во Лондон како син на бизнисменот Џорџ Тенсли и неговата сопруга Амелија. Иако бил успешен бизнисмен, страста на Џорџ Тенсли била образование откако започнал да посетува часови во Колеџ за работници кога имал 19 години. Џорџ Тенсли подоцна станал волонтерски наставник, пензионирајќи се од својот бизнис во 1884 година за да се посвети на предавање на колеџ. Се оженил со Амелија Лоренс во 1863 година и имал две деца - постара ќерка, Мод, и следно Артур седум години подоцна, во 1871 година.
Интерес на Тенсли за наука го разбудил еден од колегите-наставници-волонтери на неговиот татко, кој бил опишан како „одличен и ентузијастичен теренски ботаничар“. Откако посетувал подготвително училиште од 12 до 15 години, се запишал во училиште Хајгејт. Незадоволен од настава по природни науки, која ја сметал за „апсурдно несоодветна“, се префрлил на Универзитетски колеџ во Лондон во 1889 година и студирал на факултет за биолошки науки, каде што бил под силно влијание на Реј Ланкестер и Ф.В. Оливер. Во 1890 година, Тенсли студирал на колеџ Тринити во Кембриџ. Откако го завршил прв дел од „Трипос“ во 1893 година, се вратил на Универзитетски колеџ во Лондон како асистент на Оливер, позиција што ја задржал до 1907 година. Во 1894 година се вратил во Кембриџ и го завршил втор дел од „Трипос“, и добил диплома со почести од прва класа.
Професионална кариера Тенсли предавал и спроведувал истражувања на Универзитетски колеџ во Лондон од 1893 до 1907 година Во 1907 година, тој ја презел позиција предавач на Универзитет во Кембриџ. За време на Првата светска војна, со многу малку предавања на универзитет, Тенсли го презел местото службеник во Министерство за стреливо. Во 1923 година, тој дал оставка од своја позиција во Кембриџ и поминал една година во Виена студирајќи психологија кај Зигмунд Фројд. Кога се вратил во Британија во 1924 година, Тенсли бил назначен за вршител на должноста претседател на Комитет за вегетација на Британска империја. По четири години отсуство од формална академска позиција по ботаника, Тенсли бил назначен за Шерардски професор по ботаника на Универзитет во Оксфорд во 1927 година, каде што останал до пензионирање во 1937 година.
Главни придонеси Рани публикации на Тенсли се фокусирале на палеоботаника, особено на еволуција на папрати. Тенсли го основал ботаничко списание Нов фитолог во 1902 година за да служи како „средство за лесна комуникација и дискусија меѓу британски ботаничари за сите прашања... вклучувајќи ги и методи на предавање и истражување“. Именувано е по Фитолог, ботаничко списание објавено помеѓу 1842 и 1863 година. Со основање на ова списание, целта на Тенсли била да обезбеди место за објавување на „белешки и предлози“; постојни ботанички списанија објавувале само записи за завршени истражувања. Тој останал уредник на списанието до 1931 година.
Воведот на Тенсли во екологија се случил во 1898 година, кога ја прочитал книгатa Екологија на растенија на Ворминг. Читање на книгата го поттикнало да „[излезе] на терен за да види до каде може да се спореди со растителни заедници што Ворминг ги опишал за Данска во англиск рурална средина“. Во 1903 година дознал за работа што ја извршиле браќа Смит во мапирање на вегетација на Шкотска и Јоркшир. Работата ја иницирал Роберт Смит а ја продолжил негов брат, Вилијам Гарднер Смит (во соработка со Чарлс Едвард Мос) по смртта на Роберт. Во 1904 година, Тенсли предложил формирање на централно тело за систематско истражување и мапирање на Британски острови. Ова довело до формирање на Централen комитет за истражување и проучување на британска вегетација од страна на Тенсли, Мос, Вилијам Смит и Т.В. Вудхед, со поддршка на Марсел Харди, Ф.Ј. Луис, Лојд Прегер и В.М. Ранкин. Овие осуммина го формирале оригиналниот комитет, со Тенсли како негов водач. Ф.В. Оливер подоцна се придружил на групата како нејзин деветти член. Име на групата подоцна било скратено на Британски комитет за вегетација. Целта на групата била да ги координира тековните студии и да ја стандардизира методологија што се користела. Комитетот се состанал уште двапати во 1905 година и изработил памфлет од шест страници, „Предлози за започнување на работа со истражувања за вегетација“.
Во 1911 година, Тенсли, во соработка со Британски комитет за вегетација, ја организирал првата Меѓународна фитогеографска екскурзија (МФЕ). Тој бил инспириран од турнеја по географија на растенија низ Швајцарија, организирана од швајцарски ботаничар Карл Шретер во 1908 година, која го запознала не само со видови вегетација, туку и со ботаничари од други земји. Врски воспоставени меѓу Тенсли и американски екологисти Хенри Чендлер Каулс и Фредерик Клементс помогнале да се изгради филозофска и методолошка врска меѓу британска и американска екологија на растенија. Меѓу други учесници биле Шретер, шведски ботаничар Карл Линдман и германски ботаничари Оскар Друде и Пол Гребнер.Книгата на Тенсли Видови британска вегетација била подготвена со цел да послужи како водич за вегетација за учесниците на првата МФЕ. Втората МФЕ во 1913 година ја водел Каулс. Ова го довело Тенсли во Америка.
Во 1913 година, Британски комитет за вегетација го организирал Британско еколошко друштво (БЕД), прво професионално друштво на екологисти. Тенсли бил негов прв претседател и прв уредник на Журнал за Екологија,позиција што ја држел 21 година. Во 1915 година бил избран за член на Кралско друштво, а во 1923 година бил избран за претседател на Ботаничка секција на Британско здружение за унапредување на наука. На Империјален ботанички конгрес во 1924 година бил назначен за претседател на Комитет за вегетација на Британска империја. Тој бил претседател на BES по втор пат во 1938 година.
Вилијам С. Купер сметал дека највлијателни публикации на Тенсли ги синтетизирале поединечните студии во целина. Во 1935 година, Тенсли ја објавил книга Употреба и злоупотреба на вегетациски термини и концепти во која го вовел концепт на екосистем. Во 1930-тите, еколошко размислување било доминирано од дело на Клементс, кој ги сметал еколошки заедници за организми а здруженија за суперорганизми. Тенсли го довел во прашање концептот предлагајќи ја идејата дека еколошки заедници можат да се сметаат за квазиорганизми и ја осмислил за да го привлече внимание кон важноста на трансфер на материјали помеѓу организми и нивна околина, сметајќи ги екосистеми како основни единици на природа.
Интерес на Тенсли за предавање довело до објавување на Елементи на растителна екологија во 1922 година, по што следеле Практична растителна екологија во 1923 година и Цели и методи во проучувањена вегетација во 1926 година, во коавторство со Томас Форд Чип. Последна книга, уредена за Комитет за вегетација на Британска империја, била исклучително влијателна не само во дефинирање на еколошки методи, туку и во истакнување на потреба од целосен инвентар на „вегетативни средства“ на империја. Со овие информации, ќе биде можно ефикасно управување со огромни природни ресурси на империја. Најсеопфатно дело на Тенсли, Британски острови и нивна вегетација било објавено во 1939 година. Том 2 бил објавен во 1949 година.Sir Arthur George Tansley Како признание за ова достигнување, тој бил награден со Линеов медал во 1941 година.
За време на Втората светска војна, Тенсли се посветил на зачувување на природата а тоа продолжило и во тек на повоена реконструкција. Тој претседавал со комитет на BES кој формулирал политика за природни резервати и довел до формирање на Заштита на природат, на која и тој претседавал. Работа на Тенсли за зачувување на природа била основа за негово прогласување за витез во 1950 година.
Тенсли бил запознаен со психологијата од неговиот поранешен студент, Бернард Харт, кој работел како доктор во ментални болници во близина на Лондон. Додека работел за Министерство за муниција за време на Прва светска војна, тој имал сон кој бил опишан како „една од главни пресвртници во неговиот живот“ - од овој сон произлегол интересот на Тенсли за Фројд и психоанализа. Во 1920 година ја објавил Новата психологија и нејзин однос со живот, една од први книги што се обиделе да ги претстават идеите на Фројд и Карл Јунг на поширока публика. Книгата била бестселер, продавајќи се во 10.000 примероци во Обединетото Кралство и 4.000 во Соединетите Американски Држави. Во 1922 година, Тенсли поминал три месеци со Фројд а следната година го преселил своето семејство во Виена на една година. Иако подоцна се вратил на ботанички занимања, Тенсли останал во контакт со Фројд и го напишал својо некролог. Истражување на Педер Анкер сугерира тесна теоретска врска помеѓу екологија на Тенсли и неговата психологија.
Личен живот Во 1903 година, Тенсли се оженил со Едит Чик, поранешна студентка со која бил коавтор на два труда. Тие имале три ќерки - Катарин, Маргарет Томлинсон и Хелен. Лејди Едит Тенсли починала во 1970 година, на 100-годишна возраст.
Тенсли бил атеист.
Поврзано
Хју М. Рауп
Наводи
Надворешни врски
Works by or about Arthur Tansley at the Internet Archive Arthur Tansley The Tansley Stone – memorial to Tansley in Sussex
Категорија:Апсолвенти на Универзитетскиот колеџ во Лондон Категорија:Професори на Оксфордскиот универзитет Категорија:Англиски атеисти Категорија:Англиски ботаничари Категорија:Починати во 1955 година Категорија:Родени во 1871 година Категорија:Англиски еколози Категорија:Статии со hCards Категорија:Ботаничари со авторски кратенки