Мунтенија () или Голема Влашка — историска област во денешна Романија, дел од поголемата област Влашка. Сместена е помеѓу Дунав (на југ и исток), Карпатите (огранокот Трансилвански Алпи) и областа Молдавија (двете на север) и реката Олт на запад. Олт ја исцртува границата помеѓу Мунтенија и Олтенија (наречена и Мала Влашка). Дел од традиционалната граница помеѓу Влашка/Мунтенија и Молдавија е образувана од реките Милков и Сирет.
Географија Мунтенија ги опфаќа развојните региони Букурешт - Илфов, Југ-Мунтенија и дел од развојниот регион Југоисток. Опфаќа девет окрузи во целост: Браила Бузау Калараш Арџеш Д’мбовица Џурџу Јаломица Илфов Прахова
И делови од четири други окрузи: Телеорман (целиот округ со исклучок на општината Ислаз) Вранча (јужниот дел) В’лча (источниот дел) Олт (источниот дел)
Главниот град Букурешт е сместен во Мунтенија. Други поважни градови во областа се: Браила Бузау Питешт Плоешт Трговиште
Галерија
Поврзано Историја на Влашка Историски области во Романија
Наводи
Надворешни врски Мунтенија - „земја на најмажествените и најправедните Тракијци“ - темелник на денешна Романија, Влад Игнат, Адеварул
Категорија:Влашка Категорија:Историски области во Романија