Мегленски Власи, Мегленовласи или Мегленороманци (мегленовлашки: ) — источноромански народ од подобласта Влахомеглен на областа Меглен, Егејска Македонија и некои села во Гевгелиско, Република Македонија (иако денес се сведени само на с. Ума). These people live in an area of approximately 300 км2 in size. За разлика од нивните сродници Власите, Мегленовласите традиционално се занимавале со земојделство и живееле во трајни населби наместо со преселно сточарство и колибарски населби.

Тие го говорат мегленовлашкиот јазик, кои самите го нарекуваат „влахеште“ (vlăheşte), но нивната дијаспора во Романија го користи и поимот „мегленоромана“ (meglenoromână).

Нивната бројност се проценува на 5.213 лица (П. Атанасов, последна проценка), а во минатото броеле 20.000 (П. Папахаџи, 1900 г.). Постои поголема мегленовлашка дијаспора во Романија и Турција, нешто помала во Македонија и многу помала во Србија. Многумина сè уште се во Грција, но таа не признава малцинства. Се смета дека низ светот има 20.000 луѓе од мегленовлашко потекло, вклучувајќи ги асимиларните во секоја земја.

Историја Потекло Областа Меглен (Караџова на турски) се наоѓа во северна Егејска Македонија, на границата со Р. Македонија. Се граничи со реката Вардар на исток, Кожуф и Ниџе на запад, Ениџевардарското Поле на југ и Маријанска Планина на север.

Историчарите Овид Денсусијану и Константин Јиречек сметале дека Мегленските Власи се потомци на Романци смешани со Печенези, доселени во Меглен од византискиот цар Алексиј I Комнин во 1091 г. Делумен повод за овој став бил азијатскиот лик (поистакнати јаболчни коски) на Мегленските Власи. За разлика од нив, Густав Вајганд и Џорџе Мурну сметале дека тие се потомци на луѓе од Романско-бугарското Царство кој се повлекле во Меглен.George Murnu, Istoria romanilor din Pind, Vlahia Mare 980-1259, Bucharest, 1913, стр. 229-230 На ова гледиште се спротивставил Јиречек. Перикле Папахаџи пак, сметал дек Мегленските Власи се потомци на група Романци кои неисправно биле нарекувани Власи и дошле во Мегленско за време на Добромир Хрс.Pericle Papahagi, op. cit., стр. 7 Стрез.

Теодор Капидан, прочувајќи ја сличноста на мегленовлашкиот со романскиот и други јазици заклучил дека Мегленските Власи мора да провеле извесно време на Родопите пред да дојдат во Меглен, поради присуството на јазични елементи слични на оние кај родопските Бугари.Teodor Capidan, Meglenoromânii, I, 1925, стр. 56 Папахаџи и Капидан забележале дека влашкиот и мегленовлашкиот немаат словенски влијанија, а имаат грчки. Изучувајќи ги мегленовлашкиот и другите источноромански варијанти, Капидан заклучил дека постоел континуитет на Романци од двете страни на Дунав (север и југ) за време на настанокот на романскиот јазик во раниот среден век.

Постоеле неколку мали заселоци и колибарски населби во високите делови на планината Пајак пред основањето на денешните мегленовлашки села.Kahl, Thede (2014): Geographische Überlegungen zur Siedlungsgeschichte der meglenitischen Vlachen. Во: Романистика и балканистика. Збoрник на трудови во чест на проф. д-р Петар Атанасов по повод 75 години од животот, уред. М. Алексоска-Чкатроска и Ј. Х.-Л. Христоска, 325-336. Скопjе: Филолошки факултет Блаже Конески. Од средниот до новиот век познато е дека Мегленските Власи имале самоуправа. Секо село го возглавувал капетан. Стопански и општествен центар било селото Ноти. Со нападите на мегленските муслимани против Османлиите, тие почнале прогони во мегленските села, вклучително и Влахомеглен. Највеќето села биле ставени под управа на бег кој крајно ги експлоатирал во замена за нивната безбедност. Меѓутоа, селото Ошин давало отпор многу подолго пред да му се потчини на Ахмед-бег околу 1790 г. благодарение на водството на способен капетан и борбената волја на населението дури и по неговото убиство.Theodor Capidan, Meglenoromânii, I, 1925, стр. 21-23

Демографска историја Бројноста на Мегленските Власи во минатото е проценета различно од различни автори: мини|десно|300п|Романски училишта за Власи и Мегленски Власи во Отоманското Царство, 1886 г. 14.000 во 1892 г.G. Weigand, Die Vlaho-Meglen, Leipzig, 1892, стр. XXVI. 21.700 во 1895 г. 11.960 во 1900 г.В. Кончев, Македонија, Софија, 1900, стр. 146 20.000 во 1902 г.Pericle Papahagi, Megleno-Romanii. Studiu etnografico-folcloric, Bucuresti, 1902, стр. 44 14.720 во 1925 г.Th. Capidan (1925)

Во 1900 г. тогашната Гевгелиска Каза, која ги опфаќале највеќето мегленовлашки села, имала население од 49.315 жители. Од нив 20.643 биле Македонци, 14.900 Турци, 9.400 Власи и Мегленски Власи христијани, 3.500 Мегленски Власи муслимани, 655 Роми и 187 Черкези. Ова била состојбата на населението во мегленовлашките села: мини|200п|Мегленовлашки населби во Егејска и Вардарска Македонија, 1925 г. Село Население Ноти (Nânti, Nânta) 3.660 Бериславци (Birislav) 380 Лугунци (Lugunța, Lundzini) 700 Ошин (Oșani) 1.500 Љумница (Liumnița) 2.600 Купа (Cupa) 600 Баровица (Barovița) 237 Црна Река (Tarnareca) 400 Ума (Umă, Uma) 490 Конско (Coinsco, Conițca) 560 Серменин (Sirminină, Sirminina) 480 Голема Ливада (Livezi)1 2.100

1или Giumala de Jos or Livãdz на влашки. Голема Ливада е влашко село обиколено од мегленовлашки.

Во XX век Највеќето Мегленски Власи се православни, но населението на Ноти, кое во 1900 г. имало 3.660 жители северот на Мегленско Поле, прешло во ислам во XVII или XVIII век и е едиснтвен случај за источнороманско муслиманско село. Целото население на Ноти било истерано во Турција во 1923 г. како дел од размената на население меѓу Грција и Турција, и преселено во Лозенград (Кркларели) и Шарќој. Таму тие се нарекуваат Караџовалии () по турскиот назив на Меглен — Караџова ().(Kahl 2006)

По Втората балканска војна во 1913 г. балканските држави почнале програми на етничко чистење со меѓусебна размена. По Грчко-турската војна, согласно Лозанскиот договор, 500.000 Турци и други муслимани биле разменети со сличен број на малоазиски Грци. Мегленовлашките муслимани биле протерани во Турција поради верата, и покрај големиот отпор. Значителен број на грчки дојденци биле доведени во Егејска Македонија и Западна Тракија, истиснувајќи го главно македонското население, но и влашкото во Влахомеглен. По ова уследиле општествени и економски последици, кои довеле до судири помеѓу Власите и Грците. Поради угнетувањето од страна на грчката држава, во 1921–1923 г. меѓу Власите и Мегленските Власи се појавило национално движење со идеја за преселба во Романија, особено од Меглен, Бер и Воден.Constantin Noe, Colonizarea Cadrilaterului, Sociologie Romaneasca, anul III (1938), nr.4-6, Bucuresti, ISR, стр. 119-159

Во 1926 г. околу 450 семејства од Влахомеглен ја напуштиле Егејска Македонија и се преселиле во Романија, поточно во Јужна Добруџа, која прешла во под Романија во 1913 г. Тие биле од селата Ошин, Љумница, Лугунци, Бериславци и Голема Ливада и се населиле околу Силистра во села како Кочина (денес Професор Иширково), Каземир (денес Казимир), Капакли (денес Слатина), Безиран (подоцна Милетич), Ај Догду (подоцна Звездел), Татар Атмаџа (денес Сокол), Узунџа Орман (денес Богданци), Сребрна, Кадиќој (денес Мал Преславец), Хасќој (денес Добротица).

Со Крајовската спогодба во 1940 г. Јужна Добруџа ѝ е вратена на Бугарија, па Мегленските Власи биле депортирани во размената на население помеѓу Бугарија и Романија во други краишта на Романија, највеќето во селото Черна во округот Тулча, Северна Добруџа. Таа година во селото се сместени 270 мегленовлашки и 158 влашки семејства. Меѓутоа, помеѓу 1940 и 1948 г. влашките семејства се иселиле на други места во Добруџа.

Во 1947–1948 г. новата комунистичката власт иселила 40 мегленовлашки семејства од Черна во окрузите Јаломица и Браила, како и во Банат. Само неколку од нив се вратиле во Черна, каде околу 1.200 лица продолжуваат да говорат мегленовлашки.

Друг бран на Мегленски Власи се иселиле во Романија и други земји за време на Втората светска и Грчката граѓанска војна поради тешките борби во Мегленско.

Географска распределба мини|400п|Карта на мегленовлашките населби во Егејска и Вардарска Македонија. Ова е список на мегленовлашки села.Aromanian Society of America

Егејска Македонија Мегленовлашкиот јазик сè уште се говори во неколку села. Околу 4.000 Мегленски Власи го задржале јазикот до денес, а уште неколку илјади се асимилирани:

Ошин (Oșani) Црна Река (Tarnareca) Купа (Cupa) Лугунци (Lugunța, Lundzini) Ноти (Nânti, Nânta) Бериславци (Birislav) Љумница (Liumnița)

Поранешни мегленовлашки села Баровица (Barovița)

Во 1990-тите е изведен проектот „Евромозаик“ за малцински јазици на Европската комисија со што е испитана географската застапеност и правниот статус на Мегленските Власи во Грција. Утврдени се Мегленски Власи округот Кукуш во 3 историски села, во 3 други села и градот Кукуш. Во округот Постол во 3 историски села и 2 други села, половината од населението на с. Капињани и некои во гратчето С’ботско.

Република Македонија Во Гевгелија и селото Ума живеат помалку од 1.000 лица од мегленовлашко потекло, од кои највеќето се веќе асимилирани. Од нив, околу 200 старци говорат мегленоромански: Ума (Umă, Uma) Поранешни мегленовлашки села Конско (Coinsco, Conițca) Серменин (Sirminină, Sirminina)

Дијаспора Турција Првите доселеници од Ноти во Турција дошле во Согуџак, Визе и Мал Самоков (Демирќој) во 1912 г. Во 1923 г. целото население на Ноти како муслиманско било насила протерано во Турција во размената на население помеѓу Грција и Турција.

Овие 3.700 лица се населиле претежно во Одринско (главно Лозенград и Шарќој) на турска Источна Тракија и станале познати како Караџовалии (Karacaovalılar) по Караџова, турското име на Меглен.. Тие го примиле исламот во 1759 г. Во Турција биле чести браковите помеѓу Караџовалиите и Помаците.

Лозенград кај Одрин.

Бројот на семејства населени во Турција е: Лозенград (110), Одрин (100), Шарќој (80), Бабаески (70), Лулебургаз (80), Узунќопру (100), Чорлу (100), Малград (50), Бали (10), Ѓозсузќој (50), Каламиш (50), Хошќој (20), Мурефте (5), според германскиот етнолог Теде Кал.

Денес остануваат само 500 Караџовалии, и тоа само во Лозенград (Кркларели). Тие се културно асимилирани и највеќето говорат главно турски.

Романија Во 1996 г. во Романија имало околу 820 семејства од мегленовлашко потекло.

Черна, општина во округот Тулча,

Черна е ридско село на 55 км од градот Тулча и 25 км од Мачин. Во 2002 г. броело 2.427 жители и е општински центар три помали села општината имала 4.227 лица. Се проценува дека во него живеат од 1.200 до 2.000 Мегленски Власи. Се населиле на ова подрачје според селата од кои долшле: љумничани (lumnicianii) на југоисток, лугунчани (lunzaneții) на север, ошинчани (usineții) во средината, северот и истокот и купци (cupineții) на запад; староседелските Романци и Бугари во селото биле во западнниот дел.

Магленовлашкиот јазик е многу добро зачуван во селото. Денес го говорат околу 1.200 луѓе.

Меѓутоа, поради нивната малобројност, по 1950 г. Мегленските Власи почнале да се мешаат со Романците. Ова е нивна разлика од Власите, чии традиционални занимања им дале посебен менталитет со кој се истакнуваат во романското општество и го зачувуваат својот идентитет (многу слабо мешање со Романци). Меѓутоа, поради потешкотиите кои ги издржала оваа мала заедница, Мегленските Власи во Романија сепак остануваат многу обединети. Сепак, на нивните свадби тие го веат романската тробојка, а многу ретко традиционалната бело-црвена. Ова покажува дека иако се различни по јазик, тие се чувствуваат како Романци. Според еден набљудувач, тие се сметаат за „пороманци од Романците“.

Многу мал број на Мегленски Власи живеат и во општините Варијаш и Биледи градот Жимболија во округот Тимиш во историската област Банат.

Во 2021 г. во Романија е воведен Ден на балкансото романство за сите групи јужно од Дунав, каде спаѓаат Мегленските Власи, Власите и Истророманците. Овој ден (10 мај) е избран како датумот на оснјовање на Влашкиот Милет во 1905 г.

Србија