Голем Цивил или едноставно Цивил — река во Чувашија, Руска Федерација, десна притока на Волга во нејзиниот долен тек. Цивил е долг 170 км, а неговата површина на сливот е 4.690 квадратни километри.«Река БОЛЬШОЙ ЦИВИЛЬ», Russian State Water Registry Во близина на Цивилск се наоѓа Мал Цивил, кој се спојува со Голем Цивил, образувајќи ја реката Цивил. Споменатата река се влева во Волга во близина на Новочебоксарск. Други поголеми притоки се Унга и Куганар. Годишната зафатнина на истекување на Цивил е 640 милиони кубни метри.

Белешки

Наводи

Категорија:Реки во Чувашија Категорија:Статии со текст на руски Категорија:Притоки на Волга Категорија:Координати на Википодатоците