Риза Алиов Вејселов (; Велес, 1922 — Скопско, 1943) — македонски претприемач и земјоделец од турско потекло. Мачен и подоцна убиен во Скопската околија од бугарската фашистичка окупација.
Животопис Риза Вејселов е роден во 1922 година. Произлегува од сиромашно земјоделско семејство. Неговиот татко Али Вејсов продавал земјоделски продукти во велешкиот пазар. Риза не завршил основно образование и работел заедно со неговиот татко. За време на Народноослободителната борба, неговиот постар брат Сато Вејселов се приклучил во Четиринаесетта македонска ударна бригада. Во 1943 година Риза Вејселов бил заробен од Бугарската војска и го мачеле по патот кон Скопје. Никогаш не го пронајдоа неговото тело.
Наводи
Категорија:Луѓе од Велес Категорија:Починати во Скопско Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 1943 година Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски Турци