Општина Роман () — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Врачанската област. Административен центар е градот Роман. Општината има 5.649 жители (2022).

Географија Општината се наоѓа во југоисточниот дел на Врачанската област. Со површина од 301,52 км2 го зазема 6-то место меѓу 10-те општини во областа.

Релјефот на општината е разновиден — од рамничарски во долината на реката Искар, до ридско-планински, зафаќајќи делови од Предбалканот. Најсеверниот дел од општината се зазема од источниот дел на ридот Веслец.

Самоуправа Општината се состои од 13 населени места (1 град и 12 села). Список на населените места, подредени по азбучен ред:

Долна Бешовица Камено Поле Караш Кунино Курново Марково Равниште Радовене Роман Сињо Брдо Средни ’Рт Стојановци Струпец Хубавене

Наводи

Поврзано Област Враца Општини во Бугарија

Надворешни врски Мрежно место на Општина Роман

Роман