алт=A simple book cover.|десно|мини|Насловна страница од првото издание (1848) Еурека претставува долго нефиктивно дело од 1848 година од американскиот автор Едгар Алан По (1809–1849), кое тој го нарекол „Песна во проза“ иако е исто така поднасловено „Есеј за материјалниот и духовниот универзум“.
Адаптирано од предавање што го одржал, есејот го опишува интуитивниот концепт на По за природата на универзумот, без претходна научна работа направена за да се дојде до неговите заклучоци.
Тој воедно и дискутира за односот на човекот со Бога, кого го споредува со автор/креатор.
Еурека е посветена на германскиот натуралист и истражувач Александар фон Хумболт (1769–1859).Silverman, Kenneth. Edgar A. Poe: Mournful and Never-ending Remembrance. New York City: Harper Perennial, 1991: 339. .
Иако Еурека генерално се смета за литературно дело, некои од идеите на По ги антиципирале научните откритија и теории од 20 век, а анализата на научната содржина на Еурека покажува сличности со модерната космологија, што произлегува од претпоставката на По за еволутивен Универзум.
Во времето на По, Еурека била лошо прифатена дури и од неговите пријатели и генерално опишана како апсурдна, но современите критичари продолжиле со дебатата за важноста на Еурека, а некои дури се сомневале во нејзината сериозност, делумно поради многуте неточни претпоставки на По и неговите комични референци кон историски мислители.
По го нарекува есејот „поема“, додека многу критичари ја споредуваат со неговите дела, особено со неговите научнофантастични приказни како што е „Фактите во случајот на М. Валдемар“.
Обидите на По да ја открие вистината ја следат неговата сопствена традиција на „рационализација“, термин што го користел во своите детективски приказни, а неговиот предлог дека душата продолжува да напредува дури и по смртта е паралелен со неговите дела во кои ликовите се појавуваат од зад гробот, како во „Лигеја“.
Есејот содржи аспекти на трансцендентализмот, и покрај презирот на По кон тоа движење.
По ја сметал Еурека за свое најголемо дело и тврдел дека е поважна од откривањето на гравитацијата.
Преглед На малкумината што ме сакаат и што ги сакам јас – на оние што чувствуваат, а не на оние што мислат – на сонувачите и на оние што веруваат во соништата како во единствените реалности – им ја нудам оваа Книга на вистини, не во нејзиниот карактер на Вистиноговорник, туку поради Убавината што изобилува со нејзината Вистина; правејќи ја вистинита. На нив им ја претставувам композицијата само како уметнички производ: да речеме како Романса; или, ако не инсистирам на премногу возвишено тврдење, како Поема. — Предговор за Еурека, од Едгар Алан По Еурека е последното големо дело на По и неговото најдолго нефиктивно дело, со речиси 40.000 зборови.Sova, Dawn B. Edgar Allan Poe: A to Z. New York: Checkmark Books, 2001: 82. . Делото потекнува од предавањето што По го одржал на 3 февруари 1848 година, насловено како „За космографијата на универзумот“, во библиотеката на Друштвото во Њујорк.Quinn, Arthur Hobson. Edgar Allan Poe: A Critical Biography. Baltimore: The Johns Hopkins University Press, 1998: 539. .
Тој очекувал публика од стотици, но присуствувале само 60 луѓе и многумина од нив наводно биле збунети од темата, а По се надевал дека профитот од предавањето ќе ги покрие трошоците за производство на неговото ново списание, Стилус.
Некои рецензии во современиот печат понудиле раскошни пофалби за предавањето, додека други остро го критикувле.
Еурека е обид на По да го објасни универзумот, користејќи го неговиот општ став дека „Бидејќи Ништо не постоело, затоа Сè постои“,Sova, Dawn B. Edgar Allan Poe: A to Z. New York: Checkmark Books, 2001: 83. . па така во Еурека, По дискутирал за односот на човекот со Бога и универзумот или, како што кажал на почетокот: „Имам намера да зборувам за Физичкото, Метафизичкото и Математичкото – за Материјалниот и Духовниот Универзум: за неговата Суштина, неговото Потекло, неговото Создавање, неговата Сегашна Состојба и неговата Судбина“.
Во согласност со овој дизајн, По заклучил „дека просторот и времетраењето се едно“ и дека материјата и духот се создадени од истата суштина.
По сугерирал на тоа дека луѓето имаат природна тенденција да веруваат во себе како бесконечни, без ништо поголемо од нивната душа, а таквите мисли произлегувале од преостанатите чувства на човекот од времето кога секој од нив делел оригинален идентитет со Бога,Silverman, Kenneth. Edgar A. Poe: Mournful and Never-ending Remembrance. New York City: Harper Perennial, 1991: 340. . и како за крај, индивидуалните свести се срушиле назад во слична единствена маса наречена „конечно собирање“ каде што „мноштвото индивидуални интелигенции се спојуваат“.Whalen, Terence. "Poe and the American Publishing Industry", as collected in A Historical Guide to Edgar Allan Poe, edited by J. Gerald Kennedy. Oxford University Press, 2001: 90. .
Слично на тоа, По го гледал самиот универзум како бесконечно ширење и контракција како божествено отчукување на срцето кое постојано се подмладува, што исто така имплицира еден вид бесмртност. Всушност, бидејќи душата е дел од ова постојано пулсирање, по смртта, сите луѓе, во суштина, стануваат Бог.
Историја на објавување Еурека била објавена во мало издание со тврди корици во март 1848 година од „Вајли и Путнам“ по цена од 75 центи,Silverman, Kenneth. Edgar A. Poe: Mournful and Never-ending Remembrance. Harper Perennial, 1991: 338. . а По го убедил Џорџ Палмер Путнам, кој претходно ризикувал со По со печатење на неговиот единствен роман, Авантурите на Артур Гордон Пим, во Англија за да ја објави Еурека, откако По тврдел дека Еурека е поважна од откритието на гравитацијата од страна на Исак Њутн. Путнам му платил на По 14 долари за делото.
По предложил почетно печатење од најмалку еден милион примероци, а Путнам се согласил само на 750, од кои 500 биле продадени истата година.Tebbel, John. A History of Book Publishing in the United States – Volume I: The Creation of an Industry (1630–1865). New York City: R.R. Bowker Co., 1972: 306. .
Други извештаи велат дека По побарал 50.000 примероци и дека биле испечатени 500
Францускиот превод на Шарл Бодлер бил објавен во Париз од Мишел Леви во 1864 година.
Анализа Есејот ни претставува теми и чувства слични на некои од оние во фиктивните дела на По, вклучувајќи обиди за надминување на пречката на смртта и специфични ликови кои се враќаат од смртта во приказни како „Падот на куќата на Ашер“ и „Лигеја“.
Слично на неговите теории за добар краток расказ, По верувал дека универзумот е самостоен, затворен систем.Peeples, Scott. "Poe's 'constructiveness' and 'The Fall of the House of Usher'", as collected in The Cambridge Companion to Edgar Allan Poe. Cambridge University Press, 2002: 187. . Доаѓајќи до своите заклучоци, По ја користел рационализацијата како литературен инструмент, преку неговиот лик К. Огист Дупен, како самиот По да е детектив кој ја решава мистеријата на универзумот. Еурека, тогаш, е кулминација на интересот на По за доловување на вистината преку јазикот, продолжение на неговиот интерес за криптографијата.Rosenheim, Shawn James. The Cryptographic Imagination. Baltimore: Johns Hopkins University Press, 1997: 199. .
Тој понатаму ја нагласува врската помеѓу неговата теорија и фикцијата велејќи дека самиот универзум е пишано дело: „Универзумот е Божји заговор“, вели По, и „Божјите заговори се совршени“.
Сепак, По признал дека тешкотијата во објаснувањето на овие теории делумно доаѓа од ограничувањата на јазикот, честопати извинувајќи се или објаснувајќи ја неговата употреба на „вообичаени“ или „вулгарни“ термини.
Одлуката на По да ја нарече Еурека „прозна поема“ е спротивна на некои од неговите сопствени „правила“ на поезијата што ги изложил во „Филозофијата на композицијата“ и „Поетскиот принцип“. Поточно, По ја нарекол идеалната поема кратка, најмногу 100 стихови, и користејќи ја „најпоетската тема на светот“: смртта на една убава жена.
Самиот По предложил Еурека да се оценува само како уметничко дело, а не како научно дело и најверојатно отфрлајќи ја сериозноста на Еурека.
Иако користел математички и научни термини, можеби всушност зборувал за естетика и сугерирал дека постои тесна врска помеѓу науката и уметноста, а ова е иронично чувство, со оглед на неговата порака во песната „До науката“, во која тој покажал одвратност кон навлегувањето на модерната наука во духовноста и имагинацијата на уметникот.Kennedy, J. Gerald. "Introduction: Poe in Our Time", as collected in A Historical Guide to Edgar Allan Poe, edited by J. Gerald Kennedy. Oxford University Press, 2001: 11. .
Во Еурека исто така, дискутирал за неколку прашања поврзани со астрономијата, вклучувајќи ја брзината на ѕвездите, дијаметрите на планетите и растојанијата меѓу нив, а воедно и тежината на Земјата и орбитата на новооткриената „Левериева планета“, подоцна крстена како Нептун.
Есејот се впуптил во трансцендентализам, потпирајќи се силно на интуицијата, движење и практика што ги презирал, но иако го критикувал трансценденталното движење за она што го нарекол неповрзан мистицизам, сепак е помистична од повеќето трансцендентални дела.
Еурека е споредувана и со теориите на Мери Бејкер Еди, основач на Христијанската наука, и Џозеф Смит, основач на движењето на светците од последните денови.
Есејот бил напишан на начин што ја предвидувал својата публика, како на пример, По користел повеќе метафори понатаму во делото, верувајќи дека читателот станува позаинтересиран.
Гласот на По се зголемувал низ целото дело, почнувајќи како скромен трагач по вистината, преминувајќи кон сатиричар на логиката и конечно завршувајќи како врвен научник.
Алузии
„Еурека“ – Насловот, грчки за „Го најдов“, се повикува на познатиот восклик на Архимед по бањањето и откривањето на концептот на поместување. Епикур – По се осврнува на античкиот грчки филозоф, зборувајќи за „епикурејски атоми“. Епикур верувал дека реалноста е составена исклучиво од атоми, или неделиви единици на маса, и празнина. Се претпоставува дека освртот на По на „лажниот научник“ Епикур укажува дека Еурека е всушност сатира. Аристотел – По го нарекува познатиот ученик на Платон „Арис Тотл“, за кого По пишува дека е Турчин и ги изговара своите идеи од носот како кивање. Френсис Бејкон – Името „Хог“ е референца на англискиот филозоф и основач на Беконовиот метод. Евклид – Наречен „Туклид“, ученик на „Арис Тотл“. Имануел Кант – По го опишува Кант како „Холанѓанецот“ кој го создал трансцендентализмот.
Комичната презентација на овие историски мислители, вклучувајќи ги и каламбурите околу нивните имиња, сугерира дека По можеби ја имал намера Еурека да биде бурлеска.
Алтернативно, неговата критика кон нив може да укажува на потребата на По да ги оспори нивните заклучоци пред да ги презентира своите.
Влијание и значење Еурека била читана на многу начини, делумно затоа што искреноста на По во делото е сомнителна, а се смета за пророчки научна, интуитивно романтична, па дури и пресметливо иронична. Без научни докази, По рекол дека не му е цел да докаже дека она што го кажува е вистина, туку да убеди преку сугестија.