thumb|мини|десно|300п|Тесалиската Низина
Тесалиска Низина () или Тесалиско Поле () — простарна низина во регионот Тесалија, Грција.
Се образува од реката Пенеј и нејзините притоки и обиколена е со планини: на запад е Пинд, кој ја двои Тесалија од Епир; Отрис и неговите разграноци на југ; Пелион на исток и Кишава (Оса) и Олимп на северозапад, каде клисурата во Темпејската Долина ја поврзува со Егејска Македонија; и Хасија и Камбуница на север.
Низината е многу плодна, и била житницата на цела Грција сè до заземањето на Егејска Македонија со Букурешкиот договор од 1913 г. Тесалиската Низина била едно од ретките места во Стара Грција што можеле да обезбедат бројна коњица; тесалиската коњица била важен дел од македонската војска на Филип II и Александар Македонски.
Тесалиската Низина влегла во состав на Кралството Грција во 1881 г. по сила на решенијата на Берлинскиот конгрес кога Тесалија му била одземена на Отоманското Царство.
Gallery
Наводи
Категорија:Низини во Грција Категорија:Географија на Тесалија