Onosma visianii — вид на растение од родот Onosma.

Опис Ова е двегодишно растение, кое во висина расте 20–50 цм. Стеблото од основата е силно разгрането, темноцрвено до темновиолетово, препокриено со прости, долги четинести влакна поставени на голи брадавичести израстоци, како и со куси меки влакненца. Базалните и долните листови се линејно-копјести, собрани во розета, долги 90–180 мм, и широки 4–7 мм. Обично за време на цветањето се исушени. Стеблените листови линејно-копјести до копјести, 50–120 мм долги, 5–15 мм широки; најгорните листови издолжено јајцевидно-копјести, во основата проширени и делумно го опфаќаат стеблото. Сите листови се со густи долги четинести влакна, ме|у кои се присутни куси, меки влакненца. Цветовите со куси дршки 1–5 мм собрани во разгранети срповидни соцветија, по врвовите на страничните гранчиња. Чашката е 12–17 мм долга (при формирањето на плодот се издолжува од 18–24 мм), речиси до основата всечена на 5 линејно-копјести до широко копјести чашкини сегменти, со куса чашкина трубичка, препокриена со многу густи стрчести или полустрчести прости четинести влакна. Венчето е 17–23 мм долго, бледо жолтеникаво до белузлаво, од надворешната страна препокрино со куси меки влакненца, околу 1,5 пати подолго од чашката. Оревчињата се јајцевидно-триаголни, во врвниот дел зашилени 3–3,5 мм долги, мрежовидно набрани.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 92, издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Живеалиште Расте по брдските пасишта, на варовнички камењари, од 500–1400 метри надморска височина.

Во Македонија Познат е за Сува Гора, Велес, Прилепско: Козјак, над село Тројаци, Мал Козјак, Мариово, Пантелејмон, с. Старавина, Голема Чука, Кичевско, Баба Сач, Лубен, Суво Поле.

Се посочува за Валандово, Костурино, Жеден, Ветерско, за планината Дуб кај Дојран.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Флора на Македонија