Атанас Христов Мечкарин (познат како Насе Грнето) (Омотско, 1786 – 1845) — мајстор-градител од Костурско, претставник на Брациговската школа.
Животопис Роден е во 1786 г. во селото Омотско, Нестрамско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Во 1791 г. се преселил во Брацигово заедно со татко му Христо и поголем број сонародници. Се занимавал со градежништво. Учествувал во реконструкцијата на Рилскиот манастир во 1816–1819 г. Помеѓу 1832 и 1833 г. ја изградил црквата „Св. Јован Претеча“ во Брацигово. Починал во 1845 г.
Поврзано
Брациговска школа
Наводи
Категорија:Претставници на Брациговската школа Категорија:Македонски преселници во Брацигово