Националната федерација на државни поетски друштва (NFSPS) — национална организација на државни поетски друштва во Соединетите Американски Држави, основана во 1959 година и сега вклучува ограноци во 32 американски држави.

Федерацијата е домаќин на конференции и одржува награди и образовни програми поврзани со поезијата.

Историја Националната федерација на државни поетски друштва била основана во Батон Руж на 17 октомври 1959 година од страна на Мери Б. Вол.

Првата конференција се одржала во соработка со Државното поетско друштво на Луизијана, каде што биле избрани национални службеници. Во 1960 година уставот бил усвоен во Филаделфија, а во јули 1966 година организацијата била инкорпорирана во Медисон, Висконсин.

Федерацијата во тоа време вклучувала 10 државни ограноци, а до 2020 година, тој број пораснал на 32.

Активности NFSPS вообичаено спонзорирала 50 годишни натпревари за поезија со парични награди, вклучувајќи ја и главната награда од 1.000 долари, а воедно и го спонзорира натпреварот „Стивенсов ракопис“ за збирка песни од еден поет, наградите за поезија „Блекбери Пич“ и натпреварот за поезија за студенти на колеџ.

Сите членови на националната организација се членови на државна организација поврзана со NFSPS, а дедерацијата ја охрабрувала и поддржувала институцијата „Поети лауреати“ во различните градови и држави.

Федерацијата го објавувала официјалниот билтен „Строфес“ квартално, кој обезбедувал вести и за националното и за државното општество, а воедно билтенот објавува натпревари и награди и ги наведувал актуелните претседатели на државите и членовите на одборот.

Организацијата спроведувала годишна национална конвенција за справување со бизнисот и нудела работилници и презентации за поезија. Колекцијата на библиотеката на Федерацијата е сместена на Универзитетот Бејлор во Вако, Тексас и ги вклучува антологиите за поезија „Енкор“ што ги објавувала NFSPS секоја година.

Ограноци

Државно поетско друштво на Алабама Државно поетско друштво на Аризона Тркалезна маса на поетите на Арканзас Колумбински поети од Колорадо Поетско друштво на Конектикат Здружение на поети од Флорида Поетско друштво на Џорџија Државно поетско друштво на Илиноис Поетско друштво на Индијана Поетско друштво на Ајова Поетско друштво на Сончоглед од Канзас Поетско друштво на Кентаки Поетско друштво на Луизијана Поетско друштво на Мејн Поетско друштво на Масачусетс Поетско друштво на Мичиген Лига на поети од Минесота Поетско друштво на Мисисипи Поетско друштво на Мисури Поетско друштво на Невада Поетско друштво на државата Ново Мексико Поетско друштво на државата Северна Дакота Поетско друштво на Охајо Поетско друштво на Оклахома Поетско друштво на Орегон Поетско друштво на Пенсилванија Поетско друштво на државата Јужна Дакота Поетско друштво на Тенеси Поетско друштво на Тексас Поетско друштво на државата Јута Поетско друштво на Вирџинија WyoPoets (Вајоминг)

Друштво за поезија на државата Алабама Државното поетско друштво на Алабама (ASPS) претставува непрофитно поетско здружение на државно ниво во американската држава Алабама, кое е поврзано со Националната федерација на државни поетски друштва, а кое промовира поезија, спроведува полугодишни натпревари и организира работилници, состаноци, читања и други настани.

Било основано во 1986 година и регистрирано како непрофитна организација 501 (c)(3) во 2015 година. Организацијата е со седиште во Хантсвил и е поврзана со Националната федерација на државни поетски друштва, а кое ги поздравувало и новите и активните поети кои пишувале, објавувале и учествувале во читања и слем-награди.

Друштвото организирало пролетни и есенски состаноци каде што поетите се среќавале и ги читале своите дела, а воедно друштвото спонзорира програми и работилници за подобрување на способностите за пишување преку локални групи за читање и критика и воедно спонзорира два круга натпревари за поезија годишно кои нудат парични награди.

Друштвото објавувало квартален билтен, „Мјуз Месинџер“, кој содржел статии за пишување, можности за објавување, вести за поетски настани и публикации и информации за натпревари, а во минатото, друштвото објавувало и годишна антологија, наречена „Семплер“.

Тркалезна маса на поетите од Арканзас „Поетска тркалезна маса на Арканзас“ (PRA) претставува непрофитно здружение за поезија на државно ниво во американската држава Арканзас кое воедно е поврзано со Националната федерација на државни поетски друштва (NFSPS) и коешто промовира поезија, спроведува месечни и годишни натпревари, издава публикации за поезија и организира периодични состаноци и конференции.

Здружението било основано на 5 февруари 1931 година од група од седум жени заинтересирани за развој како поетеси.

Групата првично била наречена Тркалезна маса на поетите, а сегашното име го усвоила на 25 јули 1939 година и моментално е непрофитна организација 501(c)(3).

PRA е придружен член на Националната федерација на државни поетски друштва кое во 2020 година имало десет ограноци во Арканзас.

Архивите на организацијата се чуваат во Центарот Батлер за студии на Арканзас.

PRA организира натпревари, студиски групи, годишна работилница и воедно го прославува Националниот ден на поезијата секоја година во октомври.

Здружението исто така објавува квартален билтен, News 'N' Notes, а во 2013 година, PRA објавила ретроспектива на 80 години поезија на членовите.

Наводи

Надворешни врски

Друштво за поезија на државата Алабама Тркалезна маса на поетите од Арканзас Columbine Poets, Inc.

Категорија:Организации за поезија со седиште во Соединетите Американски Држави Категорија:Книжевни друштва