Анструтерско мусоманичко друштво — поранешно поетско и литературно друштво.
Историја Друштвото било формирано во 1813 година во крајбрежниот град Анструтер во Фајф, но се распаднало четири години подоцна.
Активности Друштвото редовно се состанувало, разменувајќи и споделувајќи поезија и песни на место кое го нарекле „Аполонска сала“.
Имало „кодекс на закони“ и „дозвола за рима“, наречена „диплома“, a тонот на состаноците бил забавен и весел, со алузии на класичната традиција, фокусирајќи се на посветеноста на Аполон, хеленското и римското божество на музиката, танцот и поезијата.
Аполонската сала била украсена со цвеќиња, ловорики и графики на познати поети како што се Валтер Скот, Џорџ Бајрон и Роберт Бернс.
На редовните состаноци, членовите добивале делумно завршена поема, која се очекувало да ја завршат веднаш штом ќе им текне.
Нивните годишни прослави биле повеличествени.
Друштвото поседувало печат што состоел келтска харфа, со сидро на акордите и опкружен со венец.
Значајни членови
Џорџ Демпстер од Данихен Чарлс Греј (текстописец) автор на „Lays and Lyrics“ Џејмс Хог Ендру Џонстон (шкотски политичар) Волтер Скот Вилијам Тенант, автор на „Анстерски саем“
Наводи
Категорија:Книжевни друштва Категорија:Историја на Шкотска