Здружението на писатели и програми за пишување (Association of Writers & Writing Programs) — непрофитна литературна организација, основана во 1967 година од Р. В. Касил и Џорџ Гарет.
Здружението обезбедува поддршка, застапување, ресурси и заедница на речиси 50.000 писатели, 500 програми за креативно пишување на колеџи и универзитети и 125 конференции и центри за писатели. Основано било во 1967 година.
Историја Здружението е основано во 1967 година како непрофитна организација, а нејзини основачи биле 15 писатели кои претставувале 13 програми за креативно пишување.
Новото здружение се стремело да го поддржи растечкото присуство на писатели во високото образование, а воедно прифаќало и институционални и индивидуални членови и имало за цел да ја убеди академската заедница дека создавањето литература има место во академијата подеднакво важно како и проучувањето на литературата.
Здружението ѝ помогнало на Северна Америка да развие разновидна литература како нејзините народи, а програмите на членовите обезбедиле литературно образование за студенти и амбициозни писатели од сите средини, економски класи, раси и етничко потекло.
Тие исто така, поддржале развој на стотици образовни програми, конференции, серии за читање и литературни списанија, како и илјадници работни места за писатели и нова публика за современа литература, а членарините на здружението експоненцијално пораснале од нивното основање.
Конференција и саем на книгата алт=Colorful gradient banner that says 2026 AWP Conference & Bookfair in white text. Banner is part of the floor to ceiling glass exterior of the Baltimore Convention Center.|мини|Конференција 2026 во Балтимор, Мериленд Конференцијата и саемот на книгата на здружението е голема книжевна конференција во Северна Америка, а воедно здружението било домаќин на годишна конференција во различен регион на Северна Америка, на која се одржуваат презентации, читања, предавања, панел дискусии, потпишување книги, приеми и голем саем на книгата.
Конференцијата се одржува кон крајот на зимата или почетокот на пролетта и секоја година привлекува илјадници посетители и изложувачи на саемот на книгата.
Здружението склучувало партнерства со сродни литературни организации како што се
Академијата на американски поети; Здружението на автори; Фондацијата Кејв Канем; Центарот за фикција; Заедницата на литературни списанија и издавачки куќи; Кундиман; Националниот круг на книжевни критичари; Американско поетско друштво;
а воедно и писателите во училиштата со цел да им служи на различните изборни единици на здружението и да обезбеди програма на конференцијата.
Управниот одбор на конференцијата на Одборот на доверители на здружението создава два или три главни настани, вклучувајќи го и воведниот говор.
Историја на конференцијата Првата конференција се одржала во 1973 година во Конгресната библиотека, а таму биле одржани 6 настани со 16 говорители, а еден од основачите на здружението, Џорџ Гарет го испланирал првиот собир со помош од Националната фондација за уметност.
Меѓу презентерите бил Елиот Колман, основач на Семинарите за пишување на Универзитетот Џонс Хопкинс, Пол Енгл, основач на Работилницата за писатели во Ајова, поетите Џозефин Јакобсен и Милер Вилијамс, како и романописците Ралф Елисон и Волас Стегнер, меѓу другите.
Конференцијата и саемот на книгата покажале значителен раст од почетокот на првата деценија од 21 век, трансформирајќи се од мала конференција со само неколку илјади учесници, 300 излагачи и помалку од 200 настани во над 12.000 учесници, 800 излагачи и 550 настани денес.
Конференцијата во 2023 година, одржана во Сиетл, имала над 9.000 посетители и 563 говорители на самото место на саемот на книгата.
Секоја година, меѓу презентерите на конференцијата се добитници на книжевни награди, вклучувајќи:
Букеровата награда; Националната награда за книга; Наградата на Националниот круг на книжевни критичари; Нобеловата награда; Пулицеровата награда;
како и стипендисти на „МeкАртур“ и „Гугенхајм“ .
Во претходните предавања и читања учествувале:
Чимаманда Нгози Адичие, Маргарет Атвуд, Ен Карсон, Мајкл Шабон, Сандра Сиснерос, Дон Делило, Рита Дав, Џенифер Иган, Луиз Ердрих, Ники Џовани, Теренс Хејс, Шејмас Хини, Џон Ирвинг, Ха Џин, Ерик Ларсон, Керолин Форше, Роксан Геј, Урсула К. Ле Гвин, Џонатан Летем, Бери Лопез, Џумпа Лахири, Чанг-реј Ли, Алис Мекдермот, Џојс Керол Оутс, Шерон Олдс, Роберт Пински, Ени Пру, Клаудија Ранкин, Мерилин Робинсон , Карен Расел, Ричард Русо, Шерил Стрејд, Ејми Тан, Наташа Третјуи, Дерек Волкот, Колсон Вајтхед, Жанет Винтерсон и Тобијас Волф. +Конференции#ГодинаГрадДржава/округДржава11973Вашингтон-1974-1977Не се одржувала21978Сан Франциско31979Нешвил41980Сан Антонио51981Сиетл61982Бостон71983Сент Луис81984Савана91985Сан Диего101986Чикаго111987Остин121988Сан Франциско131989Филаделфија141990Денвер151991Мајами161992Минеаполис171993Норфолк181994Темпи191995Питсбург201996Атланта211997Вашингтон221998Портланд231999Олбани242000Канзас Сити252001Палм Спрингс262002Њу Орлеанс272003Балтимор282004Чикаго292005Ванкувер302006Остин312007Атланта322008Њујорк332009Чикаго342010Денвер352011Вашингтон362012Чикаго372013Бостон382014Сиетл392015Минеаполис402016Лос Анџелес412017Вашингтон422018Тампа432019Портланд442020Сан Антонио452021Виртуелно поради КОВИД-19462022Филаделфија472023Сиетл482024Канзас Сити492025Лос Анџелес502026Балтимор512027Чикаго
Списание
The Writer's Chronicle е извор на статии, вести и информации за писатели, уредници, студенти и наставници по пишување кој бил издаван шест пати годишно, а секое издание содржело есеи за занаетот на пишувањето, како и интервјуа со автори.
Спонзорирани награди Здружение на писатели и програми за пишување спонзорирало 6 натпревари, а исто така обезбедува и опширен список на литературни грантови, награди и можности за објавување достапни од организации и издавачи низ цела Северна Америка.
Серија награди на здружението Годишните натпревари се одржуваат во 4 категории, а победникот добивал паричен хонорар и објавување на неговата збирка книги.
Награда „Сју Вилијам Силверман“ за креативна документарна фикција Наградата, именувана по авторката Сју Вилијам Силверман, се доделувала на збирка креативна документарна литература во должина од една книга, објавена преку Издавачката куќа на Универзитетот во Џорџија.
Награда „Џејмс Алан Мекферсон“ за роман Порано позната и како награда на здружението за роман, наградата била преименувана во авторот Џејмс Алан Мекферсон во 2023 година.
Наградата се доделува на роман, објавен преку Издавачка куќа на Универзитетот во Небраска.
Награда „Доналд Хол“ за поезија Наградата, именувана по поетот Доналд Хол, се доделува на збирка поезија во должина од една книга, со објавување преку Издавачката куќа на Универзитетот во Питсбург.
Награда Грејс Пејли за кратка проза Наградата Грејс Пејли е американска книжевна награда што ја доделувало Здружението на писатели и програми за пишување, а наградата била во износ од 5.000 долари и договор за издаваштво со Издавачката куќа на Универзитетот во Масачусетс.
Контроверзии Ванеса Плејс била отстранета од Поткомитетот на Лос Анџелес во 2016 година со цел да се задоволат загриженостите на членовите на здружението откако Плејс добила критики за уметнички проект на Твитер каде што го препишала целиот текст од романот Одвеано со виорот од 1936 година, во обид да привлече внимание кон романот.
Додека некои тврделе дека профилот на Твитер имал за цел да ги испита и привлече вниманието кон стереотипите во Одвеано со виорот, други го обвиниле дека е нечувствителен, што резултирало не само со отстранување на Плејс од поткомитетот, туку и со откажување на настапи на Плејс од страна на голем број други литературни организации.
Во пресрет на Конференцијата и Саемот на книгата на здружението во 2016 година во Лос Анџелес, некои членови на организацијата се спротивставиле на она што го сметале за недостаток на програми специфични за литературата и попреченоста па така била покрената петиција во која се тврдело дека наводно поткомисијата одговорна за избор на настани ги „отфрлила“ сите предлози поврзани со попреченоста, додека некои извори одговориле дека ова тврдење е погрешно, бидејќи Каукусот на глуви и хендикепирани писатели не е панел, туку настан за вмрежување.
Здружението имплементирале промени за конференцијата во 2016 година за понатамошни напори за обезбедување зголемено сместување за учесниците со попреченост, што вклучувало локација на лице место каде што учесниците можеле да пријават проблеми со пристапноста, подобрена сигнализација и резервирани места за седење во текот на конференцијата, како и ажурирања на Услугите за пристапност во текот на настанот.
За Конференцијата и Саемот на книгата на здружението во Вашингтон во 2017 година, бројот на предлози поврзани со литературата и попреченоста се зголеми, а поткомитетот прифатил 20 од нив за вклучување.
На секоја конференција, здружението обезбедува многу услуги за пристапност, вклучувајќи толкувен јазик, транслитерација на говор со сигнали, компјутерски потпомогнато титлување во реално време, уреди за помош при слушање, програми на Брајово писмо, сместување за оние кои имаат потреба од придружник или асистент и многу повеќе за учесниците на кои им се потребни овие услуги.
Наводи
Категорија:Организации за поезија со седиште во Соединетите Американски Држави Категорија:Организации на писатели со седиште во Соединетите Американски Држави Категорија:Книжевни друштва