Ако желбите можеа да убијат (, ) — јужнокорејска телевизиска серија за млади од 2026 г., во жанрот натприроден ужас. Сценариото е на Парк Џунг Соп, режијата на Парк Јун Со, а главните улоги ги толкуваат Џон Со Јонг, Канг Ми На, Пек Сун Хо, Хјун Ву Сок и Ли Хјо Џе. Серијата следи петмина средношколци што мораат да ја откријат вистината зад „Кириго“, таинствена апликација за исполнување желби, откако таа почнува да им ја предвидува нивната ненадејна смрт. Серијата била објавена на Netflix на 24 април 2026 г.

Содржина Во средното училиште „Сорин“, група ученици ја откриваат мобилната апликација „Кириго“, која тврди дека ги исполнува желбите на корисниците. По ненадејната смрт на еден соученик, се открива врска помеѓу апликацијата и серија натприродни предзнаци што ја предвидуваат смртта на другите ученици. Ју Се А, Лим На Ри, Ким Кон Ву, Канг Ха Џун и Чои Хјонг Вук се обидуваат да го прекинат циклусот на смрт со истражување на потеклото на апликацијата.

Улоги

| Џон Со Јонг || Ју Се А |- | Канг Ми На || Лим На Ри |- | Пек Сун Хо || Ким Кон Ву |- | Хјун Ву Сок || Канг Ха Џун |- | Ли Хјо Џе || Чои Хјонг Вук |- | Чои Џу Ун || Квон Си Вон |- | Но Џе Вон || Пангвул

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јужнокорејски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на корејски јазик Категорија:Оригинални програми на Netflix