„Versos con faldas“ (буквално: Стихови со здолништа) — поранешен женски литературен салон со седиште во Мадрид (Шпанија) помеѓу 1951 и 1953 година кој бил промовиран од Глорија Фуертес, Аделаида Лас Сантас и Марија Долорес де Паблос со цел поетесите да имаат место да ја презентираат својата работа и да ги споделат своите литературни грижи.

Учеснички Во текот на година и пол, колку што траел салонот, учествувале околу 60 жени поетеси, иако се познати само имињата на 47.

Покрај Глорија Фуертес, меѓу основачите била и Аделаида Лас Сантас, која ги финансирала сметките и програмите на салонот.

Аделаида Лас Сантас била новинарка по професија и соработувала со разни мадридски весници, а воедно и многу активна во рециталите од 50 години на 20 век, а од 60 години на 20 век па наваму држела предавања и режирала серија поезија. Таа, исто така, две години била директорка на сонетскиот циклус во Мадрискиот атенеум.

Третата основачка била Марија Долорес де Паблос (Мадрид, 1917–1981), разноврсна писателка, теозоф и ентузијаст за сликарство и астрологија која ја водела програмата поврзана со астрологијата на Радио Шпанија помеѓу 1958 и 1960 година, а воедно и како наставничка по астрологија од 1963 година, таа била фундаментална за создавањето на Астролошкото културно улилиште десет години подоцна.

Други учесници биле:

Анџела Фигуера Ајмерих; Саграрио Торес; Каролина Д'Антин; Марија Луиза Чикоте; Росарио Монкада; Марија Онтиверос; Кармен де ла Торе Виверо; Елвира Гонзалес Сиера; Кармен Барбера; Стела Корвалан; Кармен Мартин де ла Камара; Жозефина де Силва; Марија Сетиер; Марија Паз Вилорија;

Книги за салонот

Прво издание на книгата Versos con Faldas (1983) Со намера да го документира искуството, Аделаида Лас Сантас ја објавила книгата „Versos con Faldas“ во 1983 година, со пролог и белешка од Глорија Фуертес и вовед во кој се раскажува историјата на салонот.

Антологијата ги собирала песните од 47 од учесниците заедно со некои, иако оскудни, биографски податоци. Иако дел од авторите развиле призната книжевна кариера, како што се Глорија Фуертес, Кармен Конде и Анџела Фигера Ајмерих, сепак за многумина тоа било единственото издание во кое нивните дела се појавијале дотогаш.

Второ издание на книгата Versos con Faldas (2019) Врз основа на првото издание, Фран Гарсера и Марта Порпета презеле истражување кое кулминирало со објавувањето во 2019 година на второто и поцелосно издание на „Versos con Faldas“ кое ги реконструирало животите на 47 поетеси кои се појавиле во првото издание, заедно со избори од нивните дела и, во повеќето случаи, фотографии и потписи.

Томот, исто така, вклучувал летоци/програми од овој и други подоцнежни салони, како и натписи од книги меѓу различните поетеси.

Наводи

Категорија:Литературни друштва Категорија:Шпанија во 20 век Категорија:Култура на Мадрид Категорија:1950-ти во Шпанија Категорија:Феминизам во Шпанија Категорија:Клубови и друштва во Шпанија Категорија:Историја на Мадрид Категорија:Литературни кругови Категорија:Книжевни друштва