Елмер Иван Аплгејт (роден на година — починал на година) — американски ботаничар.

Биографија Елмер Иван Аплгејт бил роден во Ашланд, Орегон, на 31 март 1867 година. Тој прв пат почнал сериозно да се занимава со ботаниката во 1894 година, тоа било времето кога тој почнал да оди во Санхосеанското нормално училиште, а подоцна, во 1895 година, на Стенфордскиот универзитет. Помеѓу 1896 и 1898 година, тој поминувал 5 месеци годишно, под надзор на Фредерик Ковил од Министерството за земјоделство на САД, и тоа било местото каде што вршел истражувања на растенијата во Каскадските планини, кои се протегуваат од Кламат Фолс до Портланд. Во текот на зимата минатата година, неговата работа била организирање на колекции на растенија во Вашингтон.

Помеѓу 1928 и 1938 година тој бил назначен за почесен извршен директор на Дадлиевиот хербариум, на Стенфордскиот универзитет. А потоа кога наполнил 67 години, почнал да служи во Службата за национални паркови како чувар - природонаучник, во Националниот парк Кратер Лејк. Таа кариера тој ја имал од 1934 до 1939 година. Потоа во 1940 година, му била доделен почесен докторат по наука од Орегонскиот државен колеџ. Тој исто така напишал монографија за Erythronium, од фамилија лилјани, и бројни книги за флората на паркот и Националниот споменик Лавини. За време на неговата кариера, тој напишал вкупно 12 ботанички имиња за растителни видови.

Тој исто така се оженил со Естер Емили Огден, во Сан Бернардино, Калифорнија, во 1899 година. Која била внука на Питер Скен Огден, кој бил истражувач за компанијата Хадсонс Беј. Таа исто така била голем акварелист и сликарка. И го придружувала својот сопруг на екскурзии. Двајцата живееле во Кламат Фолс сè до смртта на неговата сопруга во 1931 година. Тој починал на 16 ноември 1949 година, во Вилијамс, Орегон, на 82-годишна возраст.

Почести Четири растителни видови биле именувани во чест на Аплгејт, вклучувајќи ги Astragalus applegatei и Castilleja applegatei.

Наводи

Категорија:Починати во 1949 година Категорија:Родени во 1867 година Категорија:Американски ботаничари Категорија:Американски зоолози Категорија:Ботаничари со авторски кратенки