Свети Никанор () — црква во Гребенско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Гребенската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува скит и посница на Забрдскиот манастир.

Црквата се наоѓа во стрмна клисура, на левата (северна) страна на реката Бистрица, југозападно од манастирот. Обновена е во 1527 г. од страна на јеромонахот Никанор (1491–1549) и првично го носела името „Св. Ѓорѓи“. Во внатрешноста се зачувани вредни фрески.

Наводи

Категорија:Цркви во Дескати (општина) Категорија:Цркви во Гребенската епархија