Џорџ Хенри Кендрик Твејтс CMG FRS FLS (роден на година во - починал на година во ) — англиски ботаничар и ентомолог.
Кариера Твејтс првично бил сметководител, а во слободното време студирал ботаника. Особено бил заинтересиран за пониските растенија како што се алгите и криптогамите. Станал признат ботаничар кога покажал дека силикатните алги не се животни, туку алги. Во 1846 година бил предавач по ботаника на Бристолскиот фармацевтски факултет, а потоа и на Медицинскиот факултет. Во март 1849 година, по смртта на Џорџ Гарднер, Твејтс бил назначен за надзорник на ботаничките градини во Пераденија, Цејлон. Таа позиција ја имал триесет години, сè додека не дал оставка во 1879 година.
Тој бил прогласен за член на Кралското друштво на 1 јуни 1865 година, по објавувањето на неговото дело Enumeratio Plantarum Zeylaniæ. Неговите белешки го сочинуваат највредниот дел од Lepidoptera од Цејлон од Фредерик Мур (3 тома 1880–1889). Тој ги основл расадниците Синхона, Хакгала, Цејлон и бил во одборот на директори на експерименталната станица „Алфред Модел Фарм“, која подоцна станала голф терен „Ројал Коломбо“.
Наследство Родот цветни растенија Kendrickia (од Индија и Шри Ланка), и родот пајаци Thwaitesia биле именувани во негова чест.
Исто така, еден вид шриланкански гуштер, Chalcidoseps thwaitesi,Beolens, Bo; Watkins, Michael; Grayson, Michael (2011). The Eponym Dictionary of Reptiles. Baltimore: Johns Hopkins University Press. xiii + 296 pp. . ("Thwaites", p. 265). и пеперутка Tapena thwaitesi, се именувани по него.
Примероците собрани од Твејтс се чуваат во повеќе институции, вклучувајќи го Лондоскиот природонаучен музеј, Белгиската национална ботаничка градина, Викторијанскиот национален хербариум, Кралските ботанички градини на Викторија и хербариумот Кју.
Наводи
Надворешни врски
Royal Society Library and Archive Catalog Enumeratio Plantarum Zeylaniae
Категорија:Членови на Линеевското друштво во Лондон Категорија:Починати во 1882 година Категорија:Родени во 1812 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Англиски ботаничари Категорија:Ботаничари со авторски кратенки