Долна Џумаја, наречена и Баракли Џумаја или Серска Џумаја (, Ираклија; до 1926 г. Τζουμαγιά- Μπαϊρακλή, Џумаја Бајракли,Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Τζουμαγιά -- Ηράκλεια ) — гратче во Серско, Егејска Македонија, денес во седиште на истоимената општина Долна Џумаја во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.786 жители (2011).
Географија Гратчето се наоѓа 26 км северозападно од градот Сер во Серското Поле и југозападно од Валовишта, недалеку до источниот брег на Бутковското Езеро.
Историја Потекло на името Името води потекло од турскиот збор „џумаја“ (), што значи петочно пазариште.Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 112.
Во Отоманското Царство Во XIX век Долна Џумаја било мало македонско-влашко гратче и пазарно средиште во Серскиот Санџак. Наречено е Долна Џумаја, за да се разграничи од Горна Џумаја (денес Благоевград) во Пиринска Македонија. Според Васил К’нчов („Патување по долините на Струма, Места и Брегалница“) соседното село Баракли
Власите во Долна Џумаја не се сточарски номади, туку се уседнати, т.н. „питоми власи“. Овде се доселени со разорувањето на Москополе во XVIII век и се занимаваат главно со трговија. Македонците се претежно преселници од околните села и се живеат од земјоделство.Кънчов, Васил. Избрани произведения, Том I, София, 1970, стр. 100.
Во 1877 г. британскиот офицер Џејмс Бејкер („Европска Турција“) напишал:
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Џумаја (Djoumaa) — посочена како населено место во Серската Каза со 315 домаќинства, со 700 жители Македонци, 140 муслимани и 140 Власи.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 120-121. Во Демирхисарската Каза е означено населено место Паланка Џумаја (Palanka-Djoumaa) со 383 домаќинства од вкупно 1.380 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 138-139. мини|десно|250п|Пазар во Долна Џумаја, 1891 г. Двајцата во бело меѓу Македонците се Власи. Во 1891 г. охридскиот општественик Георги Стрезов напишал за паланката:
Во 1893 г. дипломатот Атанас Шопов ја посетил Долна Џумаја и напишал:
Во 1892–1893 г. со грчкото училиште во градот директорувал нигритскиот општественик Димитриос Даманис. Почнувајќи од 1894 г. во бугарското училиште во Долна Џумаја предавал петричкиот црковно-просветен деец Тодор Попхристов.Енциклопедия Пирински край, том 2, Благоевград, 1999, стр. 144
Според статистиката Васил К’нчов во 1900 г. гратчето имало 6.050 жители, од кои 4.100 Македонци, 400 Турци и 1250 Власи и 300 Роми.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 177.
Во паланката со усилба работеле двете странски пропаганди, од кои многу понапредна била грчката. Поголемиот дел од паланката бил под силна грчка пропаганда и врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Бајракли Џумаја се состоело од 320 Македонци под Бугарската егзархија и 3.232 Македонци под патријаршијата, 15 Грци, 1386 Власи, 12 Албанци и 102 Роми. Во паланката работеле бугарско основно училиште и прогимназија, како и 2 основни и 2 прогимназиски грчки училишта.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 200-201.
На 12 јануари 1907 г. влашкиот андартски (гркомански) капетан Стерјос Влахвеис заедно со соборецот Никос Ѕавелас, преоблечени како просјаци, во Долна Џумаја го убиле влашкиот граѓанин Михалусис Маргаритис поради тоа што си ја издавал куќата под наем на бугарско училиште и бугарска црква.
На 6 јули 1907 г. тричлена македонска чета во Џумаја го убила гркоманот К. Драгошлиев (Κ. Δραγοσλής). мини|десно|250п|Гимназијата во Долна Џумаја. мини|десно|250п|Главниот плоштад со градската управа. Во 1912 г. в Џумаја се забележани околу 6.000 жители — 3.000 Македонци, а останатите Власи, малку Турци и 180 Роми, распоредени во трите маала — Словенското (Македонското), Влашкото и Ромското. Главно занимање на џумајците во овој период било бавчанџиството. Крај гратчето имало големи бавчи полевани од длабоки и големи бунари наречени чаркови, чија вода се вадела со коњска влеча. Долноџумајските градинари биле снабдувачи на зеленчук за градовите Сер и Валовишта, па дури и за Кукуш.Иванов, Йордан. Местните имена между Долна Струма и Долна Места, София, БАН, 1982, стр. 25.
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. вкупно 11 џумајци учествувале како доброволци во Македонско-одринските чети.Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 843. Гратчето е ослободено од единиците на војводата Јане Сандански на 23-24 октомври 1912 г.Генов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 118.
Во Грција Во Првата балканска војна, македонските единици биле истиснати и гратчето било окупирано од бугарската армија, но по Втората балканска војна Долна Џумаја е припоена кон Грција по сила на Букурешкиот договор. Веднаш потоа, грчките андарти заробиле 25 македонски градски првенци кои ги забиле во земја и по ѕверски измачувања, ги убилеГенов, Георги. Беломорска Македония 1908 – 1916, Торонто, 2006, стр. 196. И покрај разните страдања во Балканските војни, во пописот од истата 1913 г. Долна Џумаја имала 5.506 жители.
Непосредно по завршувањето на Првата светска војна, грчките власти го окупирале гратчето и животот за домородните Македонци станал толку неснослив што голем дел од нив морале да се преселат во Бугарија; така, во 1920 г. Долна Џумаја се свела на само 1.905 жители. Иселувањето на македонското население во Бугарија под грчки притосоци продолжило во 1923 и 1924 г., а на местото на истераните Македонци се доведени Грци од Понд, Мала Азија и Источна Тракија. Во 1926 г. паланката е преименувана во Ираклија по името на античкиот град Хераклеја Синтика во Пиринска Македонија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. На пописот од 1928 г. Долна Џумаја имала вкупно 2.306 жители, од кои 20 % 464 или 438 (112 семејства) биле грчки дојденци, а останатите 80 % биле претежно македонски мештани. Ова претставува интересен случај на место кое, и покрај масовните истерувања, задржало мошне големо македонско мнозинство.
Во 1940 г. населението се накачило на 3.114 жители и продолжило да расте поради одличните услови за земјоделството и големите приноси. Така, во 1951 г. во Долна Џумаја живееле 3.510 лица кои во 1961 г. станале 3.965. Во 1971 г. се заведени 3.696 жители, достигнувајќи 4.181 во 1981 г. Бројот на жители се намалил на 3.857 во 1991 и 3.551 во 2001 г., но во следното десетлетие повторно се накачил, кога во 2011 г. се попишани 3786 жители.
Според официјалното мрежно место на општината Долна Џумаја, денес во гратчето живеат „месни луѓе“ (т.е. Македонци)Поимот „Допи“ (Ντόπιοι) ги означува Македонците, заменувајќи го поранешниот поим „словенојазични Грци“. Во превод допи значи „месни“, но со него никогаш не се означуваат гркојазични или влахојазични жители., како и Власи, Роми, Гагаузи, тракиски Грци, понтски Грци, малоазиски Грци и Каракачани.
Население
Стопанство Земјоделството во Долна Џумаја е многу развиено и два високи приноси поради поволната географска положба и мошне плодното земјиште кое целосно се наводнува. Се одгледува многу жито, фуражни култури и други земјоделски растенија.
Личности мини|десно|200п|Алеко Василев Стојан Гајгуров (1847–1912) — црковен деец Борис Гајгуров (1872–1968) — просветен деец и револуционер Димитриос Роцикас (1874-1928) — гркоман, деец на грчката вооружена пропаганда Стерјос Влахвеис (1880-1948) — влашки гркомански андартски капетан Алеко Василев (1891–1924) — револуционер на ВМРО од влашко потекло Ангел Коларов (?-1924) — револуционер на ВМРО Димитри Арабаџиев (1914–1947) — комунистички деец Коста Еврипиди Ројков (1915-1948) — комунистички деец
Поврзано Серско Поле Бутковско Езеро Горна Џумаја — град во Пиринска Македонија, денес Благоевград
Наводи
Надворешни врски
Портал на општината Долна Џумаја Опис на Долна Џумаја од Васил К’нчов, 1891 г. Прелет над Долна Џумаја со беспилотник — видео Историја на Долна Џумаја и нејзиниот фолклор, 1973 г.