Калифорниското државно поетско друштво (CSPS) претставува непрофитно поетско здружение на државно ниво во американската држава Калифорнија, поврзано со Националната федерација на државни поетски друштва кое промовира поезија, спроведува месечни и годишни натпревари, организира периодични конференции и доделува годишна награда „Пушкарт“ за извонредна работа објавена во списанието Калифорнија квартерли.
Историја Калифорниското државно поетско друштво било основано во 1971 година од група поети кои се состанале на плажата во близина на кампусот Сан Луис Обиспо на Калифорнискиот политехнички државен универзитет, а членовите на друштвото, Нел Фертиг и Вивијан Веј Бонин препорачале основање на поглавје поврзано со националната поетска организација
Статутот бил одобрен на 20 ноември 1976 година, а организацијата била инкорпорирана како калифорниска непрофитна корпорација на 14 август 1985 година. Мисијата на Друштвото била не само да ја промовира поезијата и уметноста во Калифорниј, но и низ целиот свет, а дарежливоста на донаторите го обезбедувал квалитетот на неговите публикации.
Друштвото било официјална државна организација што ја претставувала Калифорнија пред Националната федерација на државни поетски друштва (NFSPS).
Активности Калифорниското државно поетско друштво го издава списанието Калифорнија Квортерли од есента 1972 година кое воедно било доста квалитетно списание за поезија кое прифаќа трудови од калифорниски поети и некои од поети надвор од државата.
Изданијата обично имаат 64 страници, совршено повезени и со сјајна корица, а архивата на списанието денес се чува во Калифорниската државна библиотека во Сакраменто.
Калифорниското државно поетско друштво исто така објавува и Поетско писмо, строфи и вести.
Организацијата спроведува настани, годишен натпревар и месечни натпревари, а воедно организирала и периодични конференции, и ја доделува годишната награда „Пушкарт“ за извонредна работа објавена во списанието.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Поетски организации со седиште во Соединетите Американски Држави Категорија:Книжевни друштва