Момците од Медисон (, буквално: Луди луѓе) — американска драмска телевизиска серија, која се прикажувала на каналот AMC од 19 јули 2007 до 17 мај 2015 г. Во главните улоги настапуваат Џон Хам, Елизабет Мос, Винсент Картајзер, Џенјуари Џонс, Кристина Хендрикс и Џон Слетери.
Серијата освоила четири рекордни награди „Еми“ по ред во категоријата „Најдобра драмска серија“, а исто така освоила и десетици други престижни награди и номинации, добивајќи исклучително потврдни одзиви од страна на кинокритичарите.
Содржина Дејството на серијата е сместено во 1960-тите години и ја следи работата на измислената рекламна агенција „Стерлинг Купер“, сместена на престижната авенија Медисон во Њујорк. Во центарот на приказната е животот на нивниот креативен директор Дон Дрејпер (Џон Хам) и неговите колеги. Вработените во престижното биро на авенијата Медисон, во потрага по надворешен сјај, често страдаат од внатрешна празнина — а самите себе се нарекуваат „луди луѓе“.
Како заднина, серијата ја отсликува динамиката на промените во општествените обичаи во САД во текот на 60-тите години, вклучувајќи теми како прељуба, пушење, алкохолизам, расизам, еманципација на жените, антисемитизам и заштита на животната средина. Исто така, преку серијата е пренесена атмосферата на Студената војна, Претседателските избори во САД во 1960 г., смртта на Мерилин Монро, Карипската криза, убиствата на Џон Кенеди, Мартин Лутер Кинг и Роберт Кенеди, како и Виетнамската војна.
Дејството на серијата започнува во март 1960 г. и завршува во ноември 1970 г.
Улоги
|Џон Хам || Доналд „Дон” Дрејпер |- |Елизабет Мос || Пеги Олсен |- |Џенјуари Џонс || Бети Дрејпер (потоа Френсис) |- |Кристина Хендрикс || Џоан Холовеј |- |Винсент Картајзер || Пит Кемпбел |- |Џон Слетери || Роџер Стерлинг |- |Арон Стејтон || Кен Косгроув |- |Рич Сомер || Хари Крејн |- |Мајкл Гледис || Пол Кинси |- |Брајан Бет || Салваторе „Сал” Романо |- |Роберт Морс || Бертрам „Берт” Купер |- |Кирнан Шипка || Сали Дрејпер |- |Меги Сиф || Рејчел Кац |- |Џаред Харис || Лејн Прајс |- |Џесика Паре || Меган Калве (потоа Дрејпер) |- |Џеј Р. Фергусон || Стен Рицо |- |Кристофер Стенли || Хенри Френсис |- |Кевин Рам || Тед Чао |- |Бен Фелдман || Мајкл Гинсберг
Наводи
Надворешни врски
Mad Men on Emmys.com Seeing History in Mad Men, an interactive timeline as of 2010 by The New York Times
Категорија:Американски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на англиски јазик