Обично дремниче (науч. Pulsatilla vulgaris) е вид цветно растение кое припаѓа на семејството лутичиња (Ranunculaceae), кое се среќава локално на варовнички тревни површини во Европа, и е широко одгледувано во градини. Се сметало за дел од родот Anemone, со кој е тесно поврзано. Неколку извори сè уште го наведуваат Anemone pulsatilla како прифатено име, а Pulsatilla vulgaris е синоним.
Опис Ова тревно повеќегодишно растение развива исправени ризоми, кои функционираат како органи за складирање храна. Нејзините лисја и стебла се долги, меки, сребрено-сиви и влакнести. Расте од 15 до 30 см високо, и кога е плодоносно до 40 см. Корените одат еден метар длабоко во почвата. Ситно дисецираните листови се наредени во розета и се појавуваат со цвет во облик на ѕвонче во рана пролет. По виолетовите цветови следуваат карактеристични свиленкасти семенски главички кои можат да останат на растението со месеци.
Цветот е „обвиен во мит“: една легенда вели дека цвеќињата никнале на места кои биле натопени со крвта на Римјаните или Данијцте, бидејќи често се појавуваат на стари могили и гранични брегови.
Ова растение ја добило наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.
Означување Класифициран е како приоритетен вид во Акциониот план за биолошка разновидност на Велика Британија и како ранлив во Велика Британија на Црвената листа на податоци.
Живеалиште Расте во ретко пошумени борови шуми или ливади, често на сончева наклонета страна со почва богата со калциум. Голема колонија се наоѓа на јавно достапно земјиште во Котсволдс, Велика Британија, во резерват на Фондот за диви животни Глостершир.
Културно значење Цветот е симбол на англиските окрузи Кембриџшир и Хартфордшир.
Сорти Иако видот Pulsatilla vulgaris има виолетови цветови, варијантите вклучуваат црвени („Rubra“) и бели („Alba“) форми.
Наводи
Надворешни врски
Фонд за диви животни во Глостершир
Категорија:Таксони опишани од Филип Милер Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Речиси загрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија