Plants of the World Online (POWO) — семрежна таксономска база на податоци на Кралските ботанички градини во Кју, Англија.

Историја По Конвенцијата за биоразновидноста, Кралските ботанички градини во Кју го пуштиле мрежното место во март 2017 г. со цел создавање на сеопфатна база на сите семени растенија во светот. (Govaerts wrongly speaks of "Convention for Botanical Diversity (CBD)). Првичната задршка била на тропската африканска флора, особено замбезиската флора на западна и источна тропска Африка.

Од март 2024 г. мрежното место прикажува предвидувања за ризикот од изумирање на сите 328.565 познати видови на цветни ратенија создадени со ВИ.

Опис Базата црпи од истиот таксономски извор како Меѓународниот индекс на растителни имиња, — Светскиот контролен список на васкуларни растенија (World Checklist of Vascular Plants, WCVP).

Базата содржи информации за светската флора собрани од ботанички истражувања во изминатите 250 години. На располагање се податоци од проекти кои повеќе немаат семрежно присуство или такви што никогаш не биле достапни за јавноста. POWO вклучува информации за таксономијата, распознавањето, распределбата, одликите, загрозеноста и употребата на растителните видови низ светот, а има и голем број слики.

Во март 2026 г. POWO содржела 1.444.000 светски имиња на растенија, 530.400 подробни описи и 509.900 слики.

Поврзано Индекс на имиња на австралиски растенија Конвенција за биоразновидноста eMonocot Меѓународен индекс на растителни имиња Tropicos World Flora Online

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Бази на биолошки податоци . Категорија:Таксономија на растенијата Категорија:Семрежни бази на податоци