Свети Ѓорѓи () — црква во градот Златоград, Јужна Бугарија. Влегува во состав на Пловдивската епархија на Бугарската православна црква.

Историја Црквата била изградена во 1871 г. во тогашно Дар’дере (денес Златоград), за време на Преродбата, за што сведочи натпис на северниот ѕид. Изградена е 37 години по првата градска црква „Успение на Пресв. Богородица“, поради што меѓу населението е позната и како „новата црква“.

Според преданието, во Златоград се населиле тројца млади занаетчии од блиското село Узунџово по име Запрјан, Ганко и Русен. По смртта на неговата прва жена, Запрјан се оженил со Петарка Хаџи Манолева. Во еден сон, Св. Ѓорѓи нејзе ѝ се јавил и ѝ исповедал да подигне храм во негово име, што довело до изградбата на оваа црква.

Храмот бил осветен на 23 јули 1872 г. од пловдивскиот митрополит Панарет и ѓакон Максим.

Архитектура Градбата претставува голема куполна псевдобазилика со една апсида и отворен трем на западната страна. Изградена е од камен. Дел од ѕидаријата, особено околу прозорските прагови, е изработена од помошник на мајсторот Стојан од с. Хасовица, Смољанско. Покривот е двовден, покриен со камени плочи ( тикли) донесени од околината.

Камбанаријата се наоѓа на западниот ѕид. Подигната е во 1911–1912 г. при обнова на црквата.

Внатрешност Црквата поседува убав иконостас и многу икони од познати македонски зографи, претставници на Дебарската школа. Зографот Нестор Трајков е автор на иконите во царскиот ред на иконостасот, како и на иконата на Св. Ѓорѓи над влезот. Покрај Нестор, во храмот работеле и браќата зографи Михаил, Пане и Теофил Ѓурчиновци.

Во внатрешноста исто така има многу икони од Света Гора, но и од зографи на Самоковската и Тревненска школа. Двете икони на Богородица: „Пресв. Богородица Ватопедска“ и „Пресв. Богородица Скоропослушница“ (1904) се сметаат за чудотворни. Втората икона е дело на зографот Михаил Евангелидис од Тасос.

Поврзано Пловдивска епархија

Наводи

Категорија:Цркви во Смољан (општина) Категорија:Цркви во Пловдивската епархија Категорија:Појавено во 1871 година Категорија:Дела на Дебарската школа