Велика Капела (Голема капела) — голем планински масив во источниот дел на Горски Котар, Хрватска.

Највисокиот врв е Бјелоласица-Кула на 1533 метри надморска височина и гледа кон Велебит, Плешивица, островите Крк, Црес, Лошињ и Кварнерскиот Залив.

Велика Капела припаѓа на Динаридите и се протега од регионот Горски Котар на запад, до Мала Капела и Лика на исток, од долината Огулин-Пласки на север, па се до крајбрежната линија на Винодол на југ.

Областа е најтешката планинска прага помеѓу континенталната Панонија и крајбрежјето на Средиземното Море, а воедно е главно составена од карст - варовник.

Планинскиот масив има многу заштитени подрачја и предели од кои познати се Бели и Самарски карпи (), и Клек над Франкопанскиот град Огулин.

Инфраструктура Од Витуњ преку планината Лумбарда минувал стар пат преку Бјелско (од Поток Мусулински) и Гвозд до Дрежница па се до Леденица и Брибир.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Планински венци во Хрватска Категорија:Координати на Википодатоците