Кафки или Кавки () — планина во Евританија, Централна Грција. Претставува дел од масивот Аграфа.
Географија Планината е долга и тесна, сместена помеѓу реките Аграфиотис на запад и потокот Гавренитис ( Гавренска Река) на исток, десна притока на Мегдова. На југ се протега до превојот Кренти (800 м), одделувајќи ја од Ласпохомата, и до превојот (920 м) јужно од Керасово и потоците Ксирорема и Лептокаријас, кои ја образуваат границата со возвишението Пенде Корифес. На север е одделена од Копси со превој (на 1.300 м.н.в.) и потоците Мирисиотис и Гифторема.
На Кафки се наоѓаат селата Хрисо, Керасово, Вињани, Неа Вињани, Кренти, Гурдеси, Варваријада и други населби. Европската пешачка патека Е4, која врви по долината на Аграфиотис (западните подножја на Фуркула и Кофтра) ги сече западниот и јужниот дел на планинскиот масив и стасува до Керасово, за да продолжи до Неа Вињани.
Највисокиот истоимен врв се издига на 1.751 метар надморска височина. Други позначајни врвови на планината се: Анемос (1.079 м), Вати (1.061 м), Ватоскала (1.601 м), Касујани (1.098 м), Кастро (1.380 м), Кацавели (1.120 м), Кацандони (1.431 м), Липес (1.020 м), Мускос (1.371 м), Мити (1.530 м), Уранос (1.620 м), Цукнида (1.580 м), Псили Рахи (1.425 м), Псилорахи (1.333 м) и Турла (937 м).
Карпите се варовници и флиш.
Врвот се искачува од с. Керасово (1.000 м) за околу 3 часа или од Хрисо (740 м) за околу 3 часа и половина.
Личности Починати на Кафки
Коста Георгиевски (1916–1947) — партизан, учесник во НОБ во Егејска Македонија.
Поврзано
Аграфа Пинд
Наводи
Категорија:Планини во Грција Категорија:Евританија Категорија:Аграфа