Gentiana cruciata е тревесто повеќегодишно цветно растение од семејството линцури Gentianaceae.Biolib
Опис лево|мини|240x240пкс|Крупен план на цвет од Gentiana cruciata Gentiana cruciata е растение со мала големина, кое достигнува висина во просек 20-40 см. Има исправени стебла, листовите се големи, овално-копјести, полуамплексикуларни, и долги се околу 3-8 см. Цветовите се виолетово-сини труби со 4 ливчиња, групирани во пазувите на горните листови.Pignatti S. - Flora d'Italia – Edagricole – 1982. Vol. II, pag. 331 Периодот на цветање се протега од јуни до август. Цветовите се хермафродити и се опрашуваат од инсекти. Плодот е капсула.
Распространетост и живеалиште Gentiana cruciata е широко распространета во поголемиот дел од Европа (освен Португалија, Велика Британија и Скандинавија) и во Западна Азија.
Ова растение претпочита сува варовничка почва на шумските рабови, грмушести падини, пасишта, тревни површини и суви ливади, на надморска височина од 200 - 1600 метри.
Во Македонија расте на Јакупица, Сува Гора, Гостивар, Маврово, Мавровска Река, Беличица, Бистра, Галичник, Лазарополе, Кораб, Дешат, клисурата на Радика, Стогово, Гари, Јабланица, над с. Вевчани, Галичица, Демир Хисар, Прилеп, Плетвар, Мариово, Кожуф, Кочани, Шар Планина, Љуботен, Алшар, Скопска Црна Гора.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 36 издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Домаќин за Phengaris rebeli Phengaris rebeli е загрозена пеперутка која се храни со ова растение. Женките P. rebeli ги положуваат своите јајца на горната страна од листовите на G. cruciata, а три до четири недели подоцна, ларвите на P. rebeli се појавуваат и почнуваат да се хранат со семето и цветовите на ова растение. Откако P. rebeli ќе го достигне својот четврт ларвен стадиум, паѓа на земја за да го соберат мравките Myrmica schencki и да го однесат во нивните гнезда.
Културно значење Според унгарската легенда, за време на владеењето на кралот Ладислав се проширила чума низ целото кралство. Ладислав се помолил за лек, па потоа испалил стрела во воздух, и погодил растение линцура кое ја излечило болеста. Ова растение станало познато како „билката на Свети Ладислав“ во Унгарија.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Gentiana cruciata Calphoto
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија