Пелистерски Водопад — водопад сместен на планината Баба, кај селото Нижеполе, на поток кој се влива во Црвена Река.

Водопадот е непостојан и се појавува само при топење на снегот од планината Баба, особено од снегот околу врвот Илинден.

Местоположба

Водопадот се наоѓа на 1.550 метри надморска височина и на 3,5 километри од битолското село Нижеполе, под месноста Црвени Стени.

Пристап

До водопадот може да се дојде по необележана планинарска патека, која започнува од самото село Нижеполе. Патеката го следи текот на Црвена Река и пред самиот крај ја преминува реката.

Поврзано Нижеполе

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Водопади во Македонија Категорија:Нижеполе