— јапонска аниме-серија произведена од студиото MAPPA. Анимето е создадено и режирано од Шиничиро Ватанабе, со дизајн на ликовите од Казуто Наказава и музика компонирана од Јоко Кано. Серијата се прикажувала во единаесет епизоди на програмата Noitamina на телевизијата Fuji TV во периодот од јули до септември 2014 г.
Содржина Во една алтернативна верзија на сегашноста, две млади момчиња што се претставуваат под имињата Девет и Дванаесет крадат прототип на атомска бомба во очигледен терористички напад. Нарекувајќи се себеси „Сфинга“ (јап. スピンクス), тие прикачуваат видеоснимка на интернет во која се закануваат дека ќе го уништат Токио доколку не биде решена нивната таинствена загатка. Тие се двајца од преживеаните од тајниот експеримент на академијата Rising Peace (транскр. Рајзинг пис), чија цел била да развие човечки оружја од деца сирачиња со савантски синдром. Момчињата се спријателуваат со Лиса, осамена средношколка што ненамерно станува дел од нивниот план за разоткривање на злосторничките дејства на организацијата.
Ликови Главни ликови / Арата Коконое (јап. 九重 新 Kokonoe Arata) Гласот го позајмуваат: Каито Ишикава (јапонски), Кристофер Бевинс (англиски) Таинствен млад човек со генијален ум и смирено поведение, кој се преселува во Токио и посетува средно училиште заедно со Дванаесет под лажниот идентитет „Арата Коконое“. Тој е еден од мозоците за преземање на дејствата зад името „Сфинга“. Тој и Дванаесет се преживеани од тајниот експеримент на академијата Rising Peace во кој 26 високоинтелигентни деца сирачиња биле обучувани да станат човечки оружја.
Дванаесет (јап. ツエルブ Tsuerubu) / Тоџи Хисами (јап. 久見 冬二 Hisami Tōji) Гласот го позајмуваат: Сома Саито (јапонски), Арон Дисмјук (англиски) Наизглед детски настроен млад човек што е вториот член на „Сфинга“. Тој е љубезен, грижлив и се спријателува со осамената средношколка Лиса. Во јавноста го користи цивилниот идентитет „Тоџи Хисами“ и е исклучително вешт во управување со возила како мотоцикли и моторни санки. Дванаесет има синестезија — состојба што му овозможува да го гледа звукот како боја.
Лиса Мишима (јап. 三島 リサ Mishima Risa) Гласот го позајмуваат: Ацуми Танезаки (јапонски), Џед Сакстон (англиски) Средношколка со тежок и проблематичен живот, како дома, така и во училиштето. Се спријателува со Девет и Дванаесет откако тие ја спасуваат од насилници во нејзиното училиште, по што станува вовлечена во нивните планови.
Кенџиро Шибазаки (јап. 柴崎 健次郎 Shibazaki Kenjirō) Гласот го позајмуваат: Шунсуке Сакуја (јапонски), Роберт Маколум (англиски) Детектив во Полицискиот оддел на Токио што некогаш бил главен ас во одделот за истраги, но бил деградиран во одделот за документација и архива поради продолжување на неовластена истрага. Тој е исклучително интелигентен и е повикан назад во служба за да ја истражи терористичката група „Сфинга“.
Пет (јап. ハイヴ, Haivu) Гласот го позајмуваат: Мегуми Хан (јапонски), Џејми Марши (англиски) Таа е третиот преживеан член од експериментот на академијата Rising Peace. Исклучително е натпреварувачки настроена и има сложен однос на љубов и омраза кон Девет поради неговиот огромен талент. Станува американска оперативна агентка на ФИБ што патува во Јапонија како дел од нејзините должности во рамките на Екипата за поддршка при јадрени итни случаи (NEST), со цел да помогне во истрагата за терористичките напади. Нејзината обземеност од Девет ја открива нејзината подготвеност да ги загрози, па дури и да убие невини луѓе само за лично да стигне до Девет и Дванаесет.
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Аниме-серии