Nymphoides peltata е повеќегодишно, вкоренето водно растение со лебдечки листови од семејството Menyanthaceae. Синоними се Menyanthes nymphoides L., Villarsia nymphoides, Limnanthemum peltatum S.G.Gmel., Nymphoides nymphoides (L.) Britton.

Се јавува низ поголемиот дел од Европа (со исклучок на Ирска и Скандинавија) и умерена Азија, а локално и во Алжир во северозападна Африка. Расте и во Македонија.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 48 издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Се проширил преку човечко одгледување надвор од неговиот домороден опсег и сега го има во Ирска, Данска и Шведска, голем дел од Северна Америка, и Нов Зеланд. Во многу од неговите воведени региони, N. peltata се смета за штетен плевел, бидејќи може да формира густи делови со кои ги пригушува локалните домашни водни растителни видови, и со тоа се намалува биодиверзитетот.

Опис лево|мини|Листови, фотографирано во долина на Одра во близина на Биелинек, Полска мини|Nymphoides peltata за време на суша, во Аплдор, Девон, Англија лево|мини|Набраните реси на работ на цветот кои му го даваат на видот неговото англиско име. Фотографирано во близина на Лион, Франција. Повеќегодишно водно тревесто растение, со долг членковиден, ползечки ризом, со должина до 1,5 м. Листовите обли, обло-елиптични или бубреговидни, со пречник од 3–8 цм, во основата длабоко срцевидно всечени, по рабовите целокрајни или брановидно, речиси незабележително назабени, голи, сивкавозелени, од долната страна со густи, кафеави жлездести точки; лисните дршки во основата често ракавичесто проширени. Цветовите собрани најчесто по 2–5, во лажни штитовидни соцветија во пазувите на листовите и пливаат по површината на водата, дршките на цветовите 3–8 цм. Чашката длабоко петделна, чашкините сегменти копјести, по прецветуваwето се задржуваат на плодот. Венчето жолто, со пречник од 30–40 мм, со куса венечна трубичка, длабоко всечено на 5 сегменти кои по рабовите се со куси ресести влакненца. Прашници 5, сраснати со венечната трубичка, во основата на филаментите се присутни снопчиwа од долги влакна. Плодникот со подолго или покусо столпче, со дводелен жиг. Плодот црвеникаво-кафеава, јајцевидна или јајцевидно-елиптична кутијка, 15–25 мм долга, на врвот со издолжено клунче; семките во голем број, 4–6 мм долги, сплескани, јајцевидни или елиптични, по рабовите со долги цилии. N. peltata е сличен по изглед со видовите од родовите Nuphar и Nymphaea во семејството водни божури (Nymphaeaceae). Може да се разликува и по своите брановидни рабови на листовите и по тоа што цветовите се во гроздови од 2-5 заедно, а не поединечно. Nuphar исто така најлесно може да се разликува од N. peltata по своите поголеми листови, кои можат да достигнат големина до 30 см, а неговиот цвет е во форма на чаша. Nymphaea имаат аголни основи на листовите за разлика од заоблените основи на листовите на Nymphoides, а Nymphoides имаат значително подолги стебла кои поддржуваат помали цветови. За да се идентификуваат различни видови во Nymphoides, обично се потребни цветови.

Екологија мини|Незрело овошје, во Гмунд, Австрија N. peltata е слатководен вид и не се јавува во води со просечна соленост што надминува околу 300 mg/L. N. peltata најчесто се наоѓа во реки кои течат бавно, во езера, бари и акумулации, но може да се насели и во мочуришта. Познато е дека се јавува и во ровови, канали, пробивни базени на насипи и застоени води, особено оние кои се подложни на зимски поплави. Присуството на N. peltata може да сигнализира средина со движење на вода.

Во Македонија Познат за с. Грнчари, с. Долно Перово. Се посочува за Керасу, Битола, за Преспанско Езеро уште од 1909 г., во Стење, како и Охридско Езеро.

Употреба N. peltata е јадливо растение. Листовите и цветовите се готват како билка, како и стеблата, но се јаде само внатрешноста на стеблото. Семето се меле и се користи за други кулинарски цели.

Наводи

Надворешни врски

Jepson Manual Treatment Photo gallery GLANSIS Species Fact Sheet

Категорија:Слатководни растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа