мини|Стар механички чекоромер Чекоромер или педометар — преносен електронски, електромеханички или чисто механички уред кој брои чекори при одење.
Начело на работа Чекоромерот работи на начелото на механички сетилник и уред за броење чекори. Првите уреди користеле механички уред и едноставен бројач за да ги бележи чекорите. Како што уредот се движел, оловно топче се движело напред-назад, или нишало го бележело замавнувањето на телото. Сегашните уреди користат микроелектромеханички системи, имаат внатрешни сетилници и софтвер за откривање и бележење на бројот на чекори. Ова дава поточни резултати и помалку лажни позитиви. Уредот може да се прикачи на различни места (на ремен, во џеб од кошула, на ранец, во џеб на панталони).
Точност Точноста на чекоромерот се разликува во зависност од типот на уредот. Уредот е најточен при мерење на разумно брзо одење на рамна површина кога уредот е монтиран во оптимална положба. Првите чекоромери имале грешки при броењето на чекорите, особено на различен терен (наклон, нерамнини), додека сегашните уреди се релативно точни дури и во нестандардни услови. Сепак, сè уште е можно да се забележат несакани чекори во текот на денот, додека се вози автомобил или се прават случајни движења.
Точноста зависи и од должината на чекорот што корисникот однапред ја внел во уредот. Должината на чекорот е растојанието од врвот на едното стапало до врвот на другото стапало. Препорачливо е да се изведат 10 чекори, да се измери растојанието и добиената бројка да се подели со 10. Пример – 10 чекори = 5,5 м (вкупно растојание)/10 = 0,55 м (55 см).
Историја Првите уреди за мерење на растојание ги користеле Римјаните, познати во историјата како одометри, кои биле калибрирани за мерење на растојание и се користеле и за цивилни и за воени цели. Сепак, тие не биле уреди за мерење чекори. Цртежите од 15 век укажуваат дека создавачот на концептот на чекоромер бил Леонардо да Винчи како уред со нишало, чие клатно се движело напред-назад и го бележела замавот на долните екстремитети при одење. Изумот му се припишува и на Томас Џеферсон.
Современите чекоромери се појавиле во средината на 1960-тите во врска со Олимписките игри во Јапонија во 1964 година, кога чекоромерот станал успешна мотивациска алатка за милиони Јапонци. Поимот манпо-кеи се преведува како 10.000 чекори, а неговиот творец е д-р Јоширо Хатано, јапонски истражувач кој тврдел дека просечното лице прави 3.500-5.000 чекори дневно и дека за подобрување на здравјето би било пожелно овој број да се зголеми на 10.000 чекори.
Чекоромерот и животниот стил Чекоромерот се користи во спортски и фитнес вежби, а е популарен поради можноста за бележење на количината на дневно движење. Неговата основна функција е да го бележи бројот на чекори дневно и да го пресметува растојанието што лицето го поминало во километри или милји (растојание = број на чекори × должина на чекорот). Чекоромерот, според извештаите, може значително да придонесе за подобрување на физичката кондиција или зајакнување на мотивацијата за губење на тежината.
За активен животен стил се препорачуваат 10.000 чекори дневно, што е еквивалентно на околу 8 км. Сепак, оваа бројка предизвикува и расправа меѓу стручњаците: „Иако 10.000 чекори дневно е медиумски промовирана бројка како цел за подобрување на здравјето, фактот е дека нема научна поддршка и е сомнително дека оваа бројка треба да биде вежечка за целата популација. Затоа, таквата универзална цел треба да се зема со претпазливост. Подобро е да се постават лични цели во зависност од вредностите на почетниот преглед, специфичните здравствени цели и одржливоста на целите во секојдневниот живот.“
Клиничките студии објавени во Journal of The American Medical Association од ноември 2007 година, заклучиле дека „резултатите потврдуваат дека употребата на чекоромер е поврзана со значително зголемување на физичката активност и значително намалување на крвниот притисок и индексот на телесна маса (ИТМ)“.
Исто така е можно да се користи интерактивна веб-страница што му овозможува на корисникот да ги следи рутите на виртуелна мапа .
Чекоромерот и работната физиологија Чекромерите можат да се користат не само за спортски и фитнес активности, туку и за следење на физичката активност во професии каде што одењето е главен дел од работниот процес. На пример, една студија на здравствени работници покажала дека тие одат помеѓу 4 и 7 км по смена.
Наводи
Надворешни врски
Pedometer Information Sheet from Alberta Centre for Active Living Collection with descriptions of old mechanic pedometers
Категорија:Мерење Категорија:Википедија:Статии со нормативна контрола (GND) Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ