Прилепското женско училиште е формирано во Прилеп, во втората половина на XIX век, поточно во 1865 година, а конечно престанало да постои за време на Балканските војни 1912-1913 година. Отворањето на училиштето се случува благодарание на прогресивната прилепска младина и Прилепската црковно-училишна општина.
Историја
Основањето на женското училиште во Прилеп е поврзано со името на учителката Недела Петкова (баба Недела). Бројот на запишани ученички во текот на постоењето на училиштето се движел меѓу 120 до 180 ученички. По две години работа Петкова го напуштила Прилеп, со што училиштето било привремено затворено. Повторното отворање на женско училиште во Прилеп се случило во 1870 година и оттогаш работело непрекинато до 1912/13 година. Во него работеле истакнати учителки од Македонија, како што се Славка (Сава) Палашова, Царевна Миладинова-Алексиева, Севастија Антонова, Захарија Мојсомирчева, Сава Алексиева, Евгенија Ракиџиева (подоцна Јанчулева), Цветанка Сенокозлиева, Тима Мартинова и др. Извесен период директорки на училиштето биле Царевна Миладинова-Алексиева, а потоа и Евгенија Јанчулева. Потребата за изградба на посебно женско училиште се зголемила со сè поголемиот број ученици. Поради тоа, големи суми за негова изградба дале познатите прилепски чорбаџии Мирче Бомбол и Христо Фукара. Ова училиште кое било сместено во новоизградената зграда во дворот на црквата Св. Благовештение. Женското училиште во Прилеп, било едно од најпознатите, ако не и најпознато во втората половина на XIX и почетокот на XX век и било пионир во женското образование во Македонија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Историја на Прилеп Категорија:Образованието во Отоманското Царство Категорија:Прилеп