16:9 или шеснаесет-девет е најчест сооднос на ширина и висина нa сликата што се прикажува на телевизорите и компјутерските монитори, а исто така е и стандарден сооднос на ширина и висина на сликата за UHD, 4K и 8K форматите.

16:9 е стандарден формат за таканаречениот широк екран (widescreen) и е единствениот сооднос на ширина и висина што е природно поддржан од Blu-ray диск. Сепак, производителите на Blu-ray диск можат да изберат да прикажат дури и поширок сооднос, како што е 2,40:1 во рамките на рамката од 16:9, додавајќи црни ленти на горниот и долниот дел во самата слика.

Историјат Кернс Х. Пауерс, член на работната група на SMPTE, прв го предложил соодносот на ширина и висина од 16:9 (1,77:1) во 1984 година. Вообичаени формати на сликата во 1980 година биле: 4:3, врз основа на соодносот на ТВ стандардот од тој период, потоа 15:9 (5:3) (европскиот „рамен“ сооднос од 1,66:1), 1,85:1 (американскиот „рамен“ сооднос) и 2,35:1 (CinemaScope/Panavision) сооднос за анаморфен широк екран.

Во 1993 година, Европската Унија го воспоставила Акциониот план 16:9 за да го забрза развојот на напредните телевизиски услуги во соодносот 16:9, а вкупниот фонд за оваа намена изнесувал 228 милиони евра.

Во текот на еден подолг период, од крајот на 2000-тите и почетокот на 2010-тите години, компјутерската индустрија се префрли од 4:3 на 16:10 (1,60:1), а потоа на 16:9 како најчест сооднос на ширина и висина за монитори и лаптопи.

Во март 2011 година, форматот 16:9 со резолуција на сликата 1920 × 1080 станал најчесто користената резолуција кај корисниците на американскиот сервис за дигитална диструбуција Steam. До јули 2022 година, Steam објавил дека резолуциите од 16:9 ги користеле 77% од неговите корисници (1920 × 1080 со 67%; 2560 × 1440 со 10%).

Вообичаени резолуции

Во следната табела се прикажани најчестите резолуции на видео сликата во форматот 16:9, како и вообичаените имиња што се користат во вообичаената комуникација заради нивно полесно распознавање.

ширина висина име 256 144 слаб квалитет 427 240 NTSC widescreen 480 270 исечен 4:3 360p во 16:9 640 360 nHD 854 480 FWVGA 960 540 qHD 1024 576 WSVGA 1280 720 HD 1366 768 FWXGA 1600 900 HD+ 1920 1080 Full HD 2048 1152 QWXGA 2560 1440 QHD 3200 1800 QHD+ 3840 2160 4K UHD 5120 2880 5K 7680 4320 8K 15360 8640 16K 30720 17280 32K

Наводи

Категорија:Видео