мини|Цветови и млади листови напролет. Кленика или маклен () — вид на јавор домороден за Средоземјето од Мароко и Португалија на запад до Турција, Сирија, Либан и Палестина на исток, а северно до венецот Јура во Франција и венецот Ајфел во Германија.Rushforth, K. D. (1999). Trees of Britain and Europe. .van Gelderen, C.J. & van Gelderen, D.M. (1999). Maples for Gardens: A Color Encyclopedia. Во Македонија е застапен во два облика: f. commutatum и f. monspessulanum.
Опис Ова е листопадно дрво со средна големина или густа грмушка која достигнува висина од 10 до 15 м (ретко 20 м). Стеблото има пречник до 75 см со мазна темносива кора кај младите дрва која добива ситни бразди во староста. Меѓу сличните јавори најлесно се препознава по малите тричлени листови долги 3–6 и широки 3–7 см; по имаат сјајна темнозелена боја, понекогаш се малку кожести и со мазни рабови, дршката е долга 2–5 см. Листопадот доаѓа многу доцна наесен, обично во ноември.
Цветовите излегуваат напролет и се висечки жолти до бели штитчиња долги 2–3 см. Крилестите оревчиња се долги 2–3 см, а самите оревчиња се заоблени.
Подвидови Опишани се разни подвидови и разновидности на клениката, но малку од нив имаат широка прифатеност. Најприфатен подвид е Acer monspessulanum subsp. microphyllum (Boiss.) од Турција и Либан, со помали листови не пошироки од 3 см.
Овој вид може да се помеша со клен (Acer campestre), што е причината за сличноста на името; од него се разликува по бистриот сок во листовите (млечнобели кај кленот) и многу потесниот агол помеѓу крилцата на оревчето.
Одгледување Клениката и нејзе сличниот клен се популарни кај бонсаистите.Bonsai Club International: Acer monspessulanum Малите листови и грмушестиот хабитус на овие два вида добро одговараат на постапките на намалување на бројот на листови и разгранување.Bonsai Club International: Acer campestre Овие бонсаи-дрвца имаат изразено поинаков изглед од оние одгледани од јапонскиот јавор (Acer palmatum) чии листови се покадрави и светлопропусни. Инаку клениката се одгледува претежно во арборетуми.
Застапеност во Македонија Во Македонија клениката вирее до висина од 1.300 м.н.в. во дабови шуми и шуми од бел габер, во речни клисури, покрај патишта и на камењари. Застапени се два облика:
f. monspessulanum Обликот f. monspessulanum познат за Скопска Црна Гора — с. Бродец; Кумановско — с. Орашац (Р. Новевски); планината Серта; Демиркаписко — с. Клисура, Краста; Дојранско — с. Ѓопчели; Кожуф - Висока Чука, с. ’Ржаново; Кичевско - Илиница; Баба Сач; Преспанско — с. Стење; Галичица - помеѓу с. Пештани и с. Трпејца.
А. monspessulanum s.1. (во поширока смисла) од повеќе автори се посочува речиси за целата територија на Република Македонија до наведената височина.
f. commutatum Обликот f. commutatum е познат за Скопско — с. Патишка Река; Скопска Црна Гора — помеѓу с. Побожје и Бродец; клисура на р. Пчиња — с. Пчиња, Катлановска Бања; Жеденска Клисура — с. Радуша, Рашче; Шар Планина — помеѓу Тетово и с. Лисец; Гостиварско — Буковиќ: Маврово — клисура на Мавровска Река; Бистра — с. Галичник; Кораб — помеѓу с. Нистрово и Пилана; Кичево — Илиница, Кале; Баба Сач — над с. Цер; Прилепско — с. Дебреште, Краста; Галичица — покрај Крива Река, Отешево.
Се посочува за Валандовско — (†) с. Кајали, Прилеско - Козјак (Stojanoff, 1928); пл. Бабуна (Šmarda, 1968); Скопје — Водно (Дренковски, 1969). Bornmüller (1927) за с. Николиќ го посочува обликот f. cruciatum Pax.
Наводи
Надворешни врски
Acer monspessulanum — единици на генетско зачувување и поврзани ресурси, EUFORGEN
Категорија:Јавор Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија за бонсаи Категорија:Украсни дрва