Јордан Чопела или Орде Чопела (, - , ) — македонски комунист, учесник во НОБ. Одликуван е со Орден народен херој на Југославија, на 2 август 1949 година.
Животопис Јордан Чопела е роден во Варош, во семејство на печалбари. Многу млад се запишал во соколаната и бил еден од најдобрите вежбачи на справите, поради што бил испратен на слет во Софија, во 1930 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 417 Во 1933 и 1934 година служел војска, а потоа се оженил, и имал две ќерки. На изборите во 1938 година, Јордан бил активен агитатор.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 418
Во 1940 година, тој станал член на Комунистичката партија на Југославија. Активен бил во здружението на тутунопроизводителите. Поради учеството во организирање на штрајк против Монополот, со цел да бидат зголемени откупните цени на тутунот, му била испратена покана за воена служба. Таму, исто така, организирал бунт поради квалитетот на храната и бил осуден на три месеци затвор.old.prilep
Учество во НОБ лево|мини|216x216пкс|Орде Чопела Чопела бил активно вклучен во Народноослободителното движење за време на Втората светска војна во Македонија. На 16 јули 1941 година во неговиот стан во Прилеп е формирана Прилепска воена комисија.Милевски, Стиле. Револуционер по професија, Скопје 1994, с. 23. По директива на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, во јануари 1942 година престојувал во Битола, каде што требало да подготви партизански одред во Битолско.
На 8 април 1942 година во Битола Јордан Чопела бил предаден, и по куса борба бил смртно ранет од страна на бугарската фашистичка полиција. Починал на 9 април 1942 година.
За народен херој бил прогласен на 2 август 1949 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 421
Во негова чест, едно од средните училишта во Прилеп го носи неговото име.
Наводи
Категорија:Луѓе од Варош Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски комунисти Категорија:Југословенски комунисти Категорија:Југословенски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија