Влечење — метод на риболов при кој еден или повеќе риболовни конци, со закачени мамки (вештачки или природни), се влечат низ водата со постојана, мала брзина. Ова може да се прави зад чамец во движење, со бавно намотување на конецот при риболов од статична положба, или со странично движење на конецот, на пример при риболов од кеј. Влечењето се користи за улов на пелагични риби, како што се лососот, скушата и кралската скуша.

Влечењето се користи како за рекреативен риболов, така и за стопански риболов, додека влечењето со мрежи главно се користи за стопански цели.Ken Schultz (1999) Ken Schultz's Fishing Encyclopedia

Влечењето од чамец во движење вклучува многу бавно движење низ водата. Ова може да се постигне со употреба на посебен мотор за влечење. Често се користат повеќе конци, а се употребуваат и аутригери (англ. outriggers) за да се рашират линиите пошироко и да се намали можноста од нивно заплеткување. Исто така, може да се користат и спуштачи за мамките да се задржат на посакуваната длабочина.

Опрема Мамки — длабонуркачки воблери со голема лопатка. Посебни стапови за влечење — стапови со можност за сигурно прицврстување на чамецот. Држачи за стапови — за стабилно позиционирање на опремата. Чекреци — мултипликаторни или стационарни чекреци со систем за лесно отпуштање на конецот, поширок барабан и подобрен систем за контролирано извлекување. Ширачи (планери) — специјални средства (крила) што се прицврстуваат на конецот и се потопуваат во водата. Тие служат за оддалечување на мамката од чамецот со цел зголемување на опфатената водена површина и намалување на ризикот од заплеткување на повеќе конци. Дополнителни помагала — како што е даунригер (спуштач) за прецизно менување на длабочината на потопување на мамката. Длабиномери и сонари — за мерење на длабочината и откривање на рибниот фонд.

Наводи

Категорија:Риболов