Шумскиот парк Каслвелан — шумски парк кој наоѓа во градот Каслвелан во округот Даун, Северна Ирска со површина од околу околу 4.6км2, вклучувајќи шума и езеро од 0.4км2. Бил отворен за јавноста во 1967 година откако Шумската служба на Министерството за земјоделство го купило земјиштето од семејството Ансли, а карактеристиките на паркот ги вклучуваат арборетумот Каслвелан и градината Ансли, лавиринтот на мирот и замокот Каслвелан.
Арборетумот Каслвелан и градината Ансли Шумскиот парк е дом на арборетумот Каслвелан и градината Ансли, која била основана во 1740 година и сега содржи „една од најзначајните колекции дрвја не само во Ирска, туку во цела Европа“. Арборетумот првично се фокусирал на градината со ѕидови од 50585м2, а сега се протега на вкупна површина од 485622м2.
Џиновските секвои биле засадени во 50 години на 19 век и се користат од птиците Certhiidae, кои се закопуваат во нејзината кора и прават гнезда.
Градините првично содржеле над 1800 видови дрвја и грмушки, засадени од Хју Ансли, петти Ерл Ансли и неговиот главен градинар, а во арборетумот сè уште постојат над 700 таксони, вклучувајќи најмалку 30 шампионски дрвја.
Градините претрпеле пад во одржувањето кон крајот на 90 години од минатиот век поради недостаток на ресурси, а работата за реставрација и зачувување на голем број области, вклучувајќи ги стаклениците и Мавританската кула, била спроведена помеѓу 2012 и 2014 година, а сеопфатни планови за реставрација на целиот парк биле договорени помеѓу Шумската служба и локалниот совет.
Во 2021 година бил најавен проект за понатамошно реставрирање на арборетумот и дворот, а паркот добил 5,5 милиони фунти, од кои половина дошле од Националниот фонд за наследство на лотаријата, а половина од окружниот совет на Њури, Морн и Даун.
Градината со ѕидови од 50000м2 е центарот на арборетумот која има формални патеки, украсни фонтани и голем број ретки дрвја и грмушки, а значајни примероци вклучуваат: оригиналното „Каслванско злато“ од видот Leyland cypress, Ginkgo biloba и шампионското дрво (Davidia involucrata), а содржи и магнолии, рододендрони и четинари.
Лавиринт на мирот Лавиринтот на мирот кој се наоѓа во паркот бил изграден помеѓу 2000 и 2001 година и содржи 6000 дрвја тиса засадени од волонтери од Северна Ирска.
Тоа претставувал најдолгиот постојан лавиринт од жива ограда во светот до јули 2007 година, кога Лавиринтот од градината со ананаси во Вахиава, Хаваи, бил проширен.
Замокот Каслвелан мини|Замокот Каслвелан Замокот Каслвелан претставува шкотски баронски замок изграден од семејството Ансли помеѓу 1856 и 1858 година, кој се наоѓа близу до влезот на арборетумот со поглед на езерото Каслвелан и бил изграден на местото на стара црква.
Замокот бил изграден од 4-тиот Ерл Ансли, кој го ангажирал шкотскиот архитект Вилијам Берн да го дизајнира и бил изграден од локално ископан гранит од страна на партнерството Паркер од Ливерпул.
По смртта на неоженетиот четврти Ерл во 1874 година, првобитниот имот, многу поголем од сегашниот парк, му припаднал на неговиот брат Хју, 5-ти Ерл Ансли, кој значително го разубавил арборетумот, а неговиот син, Френсис, 6-ти Ерл Ансли, го наследил во 1908 година, но бил убиен во Првата светска војна во 1914 година, по што ерлството му припаднало на неговиот братучед Волтер, а имотот Каслвелан на неговата сестра, г-ѓата Мејбл Ансли потоа му го оставила на својот син Џералд Френсис Ансли (роден како Џералд Сауерби), кој го продал на владата.
Од 1974 година, откако стоел празен 10 години, замокот се користел како христијански конференциски центар.
Флора Познатото дрво „Каслвеланско злато“ било развиено во паркот од мутирано дрво и било избрано од директорот на паркот, Џон Кион, кој го нарекол Cupressus macrocarpa „Keownii“ во 1963 година, а оригиналниот примерок се наоѓа во украсните градини.
Националниот арборетум на Северна Ирска се наоѓа во паркот, кој првпат бил основан во 1740 година и содржи дрвја од Азија, Австралазија и Северна и Јужна Америка, вклучувајќи ги Athrotaxis, јапонски јавор и џиновска секвоја кои биле засадени во 50 години од 19 век.
Во мај 2018 година, арборетумот добил плакета од Меѓународното дендролошко друштво за поседување „дендролошка колекција од исклучителна вредност“, а друштвото го поттикнува зачувувањето на ретките и загрозените растенија и дрвја.
Џиновската секвоја била засадена како фиданка во 1856 година, а групата семиња биле собрани во Калифорнија од познатиот колекционер на растенија Вилијам Лоб и одгледувани во расадник од 1853 година.
Едно од дрвјата развило 19 одделни стебла, форма што ретко се гледа кај култивираните примероци од ова растение. Дрвото било избрано за дрво на годината во Северна Ирска за 2018 година.
Галерија
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Шумски паркови во Обединетото Кралство Категорија:Ботанички градини во Обединетото Кралство Категорија:Шумски паркови