мини|Глинено наоѓалиште во близина на Менгерскирхен во подрачјето Вестервалд. Белите глини од терцијарниот период се вадат со различни видови багери. мини| Панорамски поглед (видео) на глинокопот Скурта во Грција, што се користи повеќе од 2500 години.врска=c:File:Skourta_clay_pit.webm|27x27пкс Глинокоп — активно површинско наоѓалиште каде што се вади глина, обично за производство на суровини за керамичката и градежната индустрија. Главно се ископуваат туларски глини (за тули), керамички глини (за ќерамиди) и бентонитски глини.

Зборот е стопеница од зборовите глина и коп.

Поради својствата на глината за задржување на вода, глинокопите мора да се одржуваат суви со испумпување на водата, бидејќи дождовницата или подземните води од плитките водоносни слоеви во глинените слоеви не се исцедуваат на дното на глинената јама, туку остануваат стабилни. Како резултат на тоа, во напуштени глинокопи брзо се образуваат вештачки езерца, како што е случајот, на пример, во пределот со глинокопи околу Цеденик во округот Горен Хафел во германската покраина Бранденбург.

Глинокопи во Македонија Туларските глини се најраспространет вид глини. Во Македонија постојат голем број глиништа што се активни копови - глинокопи. Од овие глини се произведуваат разни видови тули. Познати се наоѓалиштата во околината на Катланово, Велес, Неготино, Куманово, Штип, Виница, Струмица, Битола, Ресен, Гостивар, Струга и други места.

Керамички глини од различен квалитет се познати на повеќе места во Македонија. Најмногу ги има и се истражени во околината на Пехчево, каде што се истакнува наоѓалиштето Елата, а потоа Буковиќ и Грозил.

Наводи

Категорија:Површинско рударство Категорија:Тули Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Глина