Неоноар (, погрешно: нео-ноар) — ознака за „ноарскиот“ бран (филмски стил) што бил присутен на американските киноплатна во првата половина на 1970-тите години, појавен како одраз на Вотергејтската афера и американските неуспеси во Виетнамската војна. Понекогаш овој поим се проширува и на филмови во боја со елементи на ноар, кои биле снимани во подоцнежниот период.

Одлики

Режисерите на неоноарски филмови се навраќаат на „класичниот ноар“ преку употреба на холандски агли, игра на светлина и сенки, неурамнотежени кадри, како и замаглување на линијата помеѓу доброто и лошото и правилното и погрешното. Тематските мотиви вклучуваат одмазда, параноја и отуѓување.What is Neo Noir? Definition and Essential Examples – No Film School

Обично претставувајќи американски криминалистички драми или психолошки трилери, неоноарските филмови имаат заеднички теми, раскажувачки структури и карактеристични визуелни елементи. Ликовите честопати се судирни антијунаци, заглавени во тешки ситуации и принудени да носат одлуки водени од очај или нихилистички морални системи. Визуелните елементи вклучуваат ниско осветлување, впечатлива употреба на светлина и сенка и невообичаена поставеност на камерата. Звучните ефекти придонесуваат за создавање на ноарска атмосфера исполнета со параноја и носталгија.

Од почетокот на 1960-тите години се снимени мал број големи филмови во класичниот стил на филм ноар. Овие нови остварувања најчесто вклучуваат тематски и визуелни елементи што потсетуваат на филм ноар. И класичните и неоноарските филмови често се произведуваат како независни производства.

По 1970 г., кинокритичарите почнале да го издвојуваат „неоноарот“ како посебен жанр. Терминологијата како „тврд стил“ (англ. hard-boiled), „неокласичен“ и слични, честопати се отфрлаат и од критичарите и од авторите.

Роберт Арнет наведува: „Неоноарот станал толку аморфен како жанр или движење, што секој филм во кој се појавува детектив или криминал се квалификува како таков.“ Сценаристот и режисер Лари Грос ги идентификува Алфавил на Жан-Лик Годар, заедно со Мртва точка (1967) на Џон Бурман и Долгото збогување (1973) на Роберт Алтман (заснован на романот на Рејмонд Чендлер), како неоноарски филмови. Грос смета дека тие отстапуваат од класичниот ноар преку социолошкиот, наместо психолошкиот фокус. Неоноарот вклучува ликови што вршат насилни кривични дела, но без мотивациите и раскажувачките обрасци пронајдени во филм ноар.

Неоноарот добил глобален карактер кога филмаџиите почнале да црпат елементи од филмови на светскиот пазар. На пример, делата на Квентин Тарантино се под влијание на класикот на Ринго Лам од 1987 г., Град во пламен. Ова особено се однесува на филмот Касапски кучиња, кој бил клучен за етаблирањето на Тарантино во октомври 1992 г.

Наводи

Надворешни врски

. .

Категорија:Филмски жанрови Категорија:1970-тите во филмот Категорија:1980-тите во филмот Категорија:1990-тите во филмот Категорија:2000-тите во филмот Категорија:1960-тите во филмот Категорија:Филм ноар