десно|мини|Извршна наредба бр. 8802, Пракса за праведно вработување во одбранбената индустрија. Извршна наредба 8802 ― извршна наредба потпишана од претседателот Френклин Д. Рузвелт на 25 јуни 1941 година. Со неа била забранета етничка или расна дискриминација во одбранбената индустрија на земјата, вклучително и во претпријатијата, синдикатите и сојузните агенции. Исто така, со неа бил основан и Комитетот за праведни практики за вработување. Извршната наредба 8802 била првата сојузна акција, иако не била закон, за промовирање на еднакви можности и забрана на дискриминација при вработување во Соединетите Држави. Таа претставувала прва извршна директива за граѓански права по Реконструкцијата.

Во изјавата на претседателот што ја придружувал наредбата бил наведен воениот напор, велејќи дека „демократскиот начин на живот во нацијата може успешно да се одбрани само со помош и поддршка од сите групи“, и биле наведени извештаи за дискриминација:The New York Times: "President Orders and Even Break for Minorities in Defense Jobs," June 26, 1941, пристапено на 7 јуни 2026

Наредбата била издадена како одговор на притисокот од активистите за граѓански права и работнички активисти А. Филип Рендолф, Волтер Вајт и други вклучени во движењето „Марш кон Вашингтон“, кои планирале марш кон Вашингтон на 1 јули 1941 година, во знак на протест против расната дискриминација во индустријата и војската.

Содржина на наредбата Преамбулата на наредбата гласи:Со оглед на тоа што политиката на Соединетите Држави е да го охрабрат целосното учество во националната програма за одбрана од страна на сите граѓани на Соединетите Држави, без оглед на раса, вероисповед, боја на кожа или национално потекло, со цврсто верување дека демократскиот начин на живот во рамките на нацијата може успешно да се одбрани само со помош и поддршка на сите групи во рамките на нејзините граници; и

Со оглед на тоа што постојат докази дека на достапните и потребните работници им е забрането вработување во индустриите вклучени во производството на одбрана единствено поради разгледување на раса, вероисповед, боја на кожа или национално потекло, на штета на моралот на работниците и на националното единство:

Сега, затоа, врз основа на овластувањата што ми се дадени со Уставот и статутите, а како предуслов за успешно спроведување на нашите напори за производство на национално ниво во одбраната, со ова ја потврдувам политиката на Соединетите Држави дека нема да има дискриминација при вработување на работници во одбранбените индустрии или владата поради раса, верување, боја на кожа или национално потекло, и со ова изјавувам дека е должност на работодавачите и на работничките организации, во унапредување на наведената политика и на оваа Наредба, да обезбедат целосно и правично учество на сите работници во одбранбените индустрии, без дискриминација поради раса, верување, боја на кожа или национално потекло;

Дискриминација во одбранбените индустрии што довело до наредбата Во времето кога била издадена наредбата, Соединетите Држави сè уште службено не биле влезени во Втората светска војна, а тоа ќе се случи дури по нападот врз Перл Харбор во декември 1941 година. Сепак, Соединетите Држави веќе се вклучиле во воените напори преку други средства, како што е снабдувањето на сојузничките сили преку Законот за позајмување-лизирање. Улогата на Соединетите Држави како снабдувач, како и зголемените подготовки на Соединетите Држави за службено влегување во војната, помогнала економијата на Соединетите Држави да излезе од Големата депресија.

Сепак, економските придобивки од војната биле непропорционално почуствувани од граѓаните белци. Всушност, додека стапката на невработеност кај белците паднала од 18% на 13% помеѓу април и октомври 1940 година, стапката на невработеност за граѓаните црнци застанала на 22%. Во ерата кога сегрегацијата била сè уште законска (значајниот случај „Браун против Одборот за образование“ во Врховниот суд, кој ја прогласил сегрегацијата за неуставна, немало да биде издаден до 1954 година), на црнците работници им било забрането да работат и покрај акутен недостиг на работна сила. Според анкетата од 1941 година на службата за вработување на Соединетите Држави (СВСД), 51% од работните места во одбраната не биле достапни за црнците работници.

Нееднаквостите во вработувањето не можеле целосно да бидат објаснети со разликите во работните способности помеѓу црнците и белците поединци. Претседателот на претпријатието North American Aviation Co., изјавил дека „е против политиката на претпријатието да ги вработува како работници во авиони или механичари... без оглед на нивната обука“. Лестер Гренџер од Националниот урбан сојуз, опишал како на црнците електричари, столари и работниците со цемент им било забранувано да ги пополнуваат слободните работни места.

Застапување на активисти за граѓански права и преговори со администрацијата на Рузвелт Аса Филип Рендолф, водач на голем синдикат на црнци железнички работници, бил загрижен поради дискриминацијата врз црнците работници при вработување во одбранбената индустрија. Во бројот од 1940 година на „The Pittsburg Courier“ - весник кој подоцна ќе биде интимно вклучен во кампањата „Двојно В“ - Рендолф побарал право на црнците „да работат и да се борат за [својата] земја“.

Во јануари 1941 година, Рендолф го основал Движењето „Марш кон Вашингтон“ (ДМКВ). Првата цел на движењето било да бидат собрани 10.000 црнци пред Споменикот на Линколн за да протестираат против расната дискриминација во воената и одбранбената индустрија. Подоцна, целната големина на маршот била десеткратно зголемена на марш од 100.000 црнци. Други црнци водачи на ДМКВ биле секретарот на НЗУОЛ, Волтер Вајт, водачот на Националниот урбан сојуз, Т. Арнолд Хил, водачот на Националниот совет на црнкињи, Мери Меклауд Бетун и други.

Со оглед на тоа што бил претстоен наведениот датум за ДМКВ, администрацијата на Рузвелт побрзала да преговара со водачите на ДМКВ. Првата дама Елеонор Рузвелт му испратила писмо на Рендолф, во кое наведува дека планираниот марш е „сериозна грешка“, но Рандолф немал одговор. Други членови на администрацијата на Рузвелт ги повикале фабриките од одбранбената индустрија да престанат со дискриминацијата врз црнците работници, но Рендолф изјавил дека ќе го откаже маршот само ако се издаде извршна наредба.

Загрижен да го запре маршот, Рузвелт побарал помош од Обри Вилијамс од Њу Дилер, и стручњакот за труд Ена М. Розенберг. Тие помогнале во организирањето на состанок на водачите на ДМКВ со Рузвелт во Белата куќа. Состанокот одржан на 18 јуни (само две недели пред планираниот марш) брзо дошол до ќорсокак. Како одговор на барањето на Рандолф за извршна наредба, Рузвелт одговорил:

„Па, Фил, знаеш дека не можам да го направам тоа. Ако издадам извршна наредба за тебе, тогаш нема да има крај на другите групи што ќе доаѓаат овде и ќе ме молат да издадам извршни наредби и за нив.“

Од друга страна, водачите на ДМКВ одбиле да се согласат со каква било акција освен извршна наредба. На крајот, администрацијата на Рузвелт се согласила. Низа состаноци во Њујорк и Вашингтон резултирале со нацрт-наредбата. На овие состаноци, Рендолф и Вајт разговарале со Вилијамс, Розенберг и градоначалникот на Њујорк, Фјорело Ла Гвардија. Наредбата ја составил Џозеф Раух.

Маршот кон Вашингтон бил прекинат откако била издадена Извршната наредба 8802 на 25 јуни 1941 година.

Спроведување и историја мини|Плакат на Комисијата за воена работна сила со цитат на Извршната наредба 8802 на Рузвелт.

Комитет за праведни практики за вработување (КППВ) Со наредбата бил основан претседателскиот Комитет за праведни практики за вработување (КППВ) во рамките на Канцеларијата за управување со производството, кој требал да го централизира владиното склучување договори во изградбата на одбраната пред влегувањето на Соединетите Држави во Втората светска војна. КППВ требал да ја образува индустријата за барањата против дискриминација, да истражува наводни прекршувања и „да преземе соодветни чекори за решавање на поплаките за кои ќе смета дека се валидни“. Комитетот, исто така, требал да даде препораки до сојузните агенции и до претседателот за тоа како Извршната наредба 8802 може да биде извршувана најефикасно.

Сепак, КППВ била ограничена поради малата големина и ограниченото финансирање, бидејќи нејзиниот почетен работен кадар се состоел од 11 лица со буџет од 80.000 долари. Повеќе подробности за предизвиците со кои се соочувал КППВ биле истражени во неговата посебна статија на Википедија (видете го делот „Поврзано“). КППВ имал слаб авторитет што помогнал да биде ограничена ефикасноста при спроведувањето. Сепак, КППВ воспостави преседан и ја открил можноста за нови комитети кои би можеле да предизвикаат големи промени. Тоа станало план за идните начини за пристап кон промените.

Успешни сојузни акции за справување со дискриминацијата во одбраната и одбранбените индустрии Извршната наредба 8802 била изменета неколку пати за време на воените години.National Archives: "Franklin D. Roosevelt – 1941", пристапено на 7 јуни 2026 Откако Соединетите Држави влегле во војната, КППВ бил ставен под Одборот за воено производство, основан според Извршната наредба 9040.

Во мај 1943 година, била издадена Извршната наредба 9346, со која бил проширен опфатот на КППВ на сојузните агенции што спроведуваат редовни владини програми и се врати во независен статус. По завршувањето на Втората светска војна, комитетот бил прекинат со закон, на 17 јули 1945 година.National Archives: "Executive Orders (8000–8999)", пристапено на 7 јуни 2026

Иако Извршната наредба 8802 се однесувала на дискриминацијата при вработување во одбранбената индустрија, владата не ја укинала сегрегацијата во вооружените сили сè до 1948 година, кога претседателот Хари С. Труман ја издал Извршната наредба 9981. Години подоцна, Конгресното усвојување на Наслов VII од Законот за граѓански права од 1964 година и Извршната наредба 11246 во 1965 година, ја забраниле дискриминацијата при вработување и јавни објекти.

Влијание врз другите националности

Граѓани со италијанско и германско потекло Многу граѓани од италијанско или германско потекло биле негативно погодени од Втората светска војна, за која администрацијата на Рузвелт стравувала дека би можела да ги попречи воените напори со намалување на моралот. Всушност, некои владини претставници ја сметале оваа етничка дискриминација за поважна од онаа против граѓаните црнци.

Граѓани со мексиканско потекло Граѓаните со мексиканско потекло се соочувале со дискриминација на работното место и во јавниот превоз, честопати сметајќи се за ништо подобри од кучињата. Извршната наредба 8802 ја забранила дискриминацијата во одбранбената индустрија врз основа на „раса, вероисповед, боја на кожа или национално потекло“. Извршната наредба 8802 го основал Комитетот за праведни за вработување (КППВ). Иако им обезбедувал на црнците праведно вработување, честопати не успеал да им обезбеди иста заштита на граѓаните со мексиканско потекло поради надворешната политика на Соединетите Држави во однос на латиноамериканските земји. На пример, КППВ требал да одржува јавни расправи за да разговара за обвинувањата за дискриминација, но честопати ги откажувал расправите во последен момент кога случај што вклучувал обвинувања од лица со мексиканско потекло кои биле на списокот, плашејќи се дека јавното сознание за масовна дискриминација ќе ја компромитира Политиката за добрососедство. Покрај тоа, иако дискриминација на работното место се случила и во Програмата „Брасеро“, загриженостите биле игнорирани од слични причини. Лицата со мексиканско потекло од втората генерација имале углед дека се погласни во решавањето на поплаките на работното место и биле поприфатливи за синдикализацијата како решение за широко распространетата дискриминација.

Поврзано

Комитет за праведни практики за вработување Движење „Марш кон Вашингтон“ Извршна наредба 9981 Извршна наредба (Соединети Држави)

Наводи

Надворешни врски

Целосен текст на Извршната наредба 8802