Радиодифузната корпорација „Ампис“, Суринам НВ, попозната како ABC (АБЦ), љубовната станица или едноставно ABC (АБЦ), е суринамска радио и телевизиска станица, која емитува програма од Мајстрат во Парамарибо.

Историја Андре (Ампи) Кампервин е основач на АБЦ Радио. Во 1950-тите години почнал да работи во рекламирањето, а работел и за друга суринамска радио станица, Радио Апинти, каде што бил директор за вести. Најголемиот сон на Андре еден ден да поседува сопствена станица се остварил на 6ти декември 1975 година, кога радио АБЦ започнало да емитува. Од своето основање во 1975 година, станицата уживала популарност во радио спектарот на Суринам, емитувајќи вести, радио емисии, комедија, спорт и многу музика, комбинација што ја направила АБЦ една од најпопуларните станици во земјата.

Уништување и замолчување на станицата Радио АБЦ служел како критичка платформа, изразувајќи критики против воениот режим што ја заземал земјата во 1980 година. Во 1982 година, режимот се обидел да ја замолчи станицата. За време на декемвриските убиства, двајцата новинари Андре Кампервен и Френк Вијнгард биле убиени. Две радиостаници, од кои едната АБЦ, биле изгорени до темел. 11 години АБЦ бил отсутен од радио сцената на земјата. Канцеларијата на весник и зградата на синдикатот биле исто така уништени во ноќта на киднапирањата.

Реставрација На 6ти декември 1993 година, АБЦ била обновена. Џон и Хенк Кампервин, двајцата синови на Андре Кампервин, биле зафатени со реставрацијата на станицата уште од 1991 година. На 6ти декември, станицата повторно се емитувала на својата нова фрекфенција на 101,7 ФМ. Формулата за станицата била задржана иста како претходно, со одредена модернизација.

АБЦ ТВ Во декември 1997 година, АБЦ ја лансирале својата телевизиска станица на Канал 4. Следејќи ја истата идеологија на АБЦ, група програмски директори, телевизиски продуценти и водители нашле нов дом на станицата. На суринамската публика ѝ биле претставени нови програми, а многу диџеи кои претходно се слушале само на радио почнале да развиваат емисии кои можеа да се видат на Канал 4, што било ново за суринамската телевизија.

Смртта на Џони На 1ви ноември 2003 година, долгогодишниот водител во радиото АБЦ, Џони Кампервин, починал на 57-годишна возраст поради бактериска инфекција. Неговата кариера во станицата траела од нејзиното основање во 1975 година до 2002 година, учествувајќи во целата нејзина турбулентна историја. Починал осум дена по инфекцијата можна денга треска.

Наводи

Надворешни извори

АБЦ Суринам (официјална веб-страница) Категорија:Радио станици во Суринам