Кеито Накамура (; р. Абико, Чиба, 28 јули 2000 г.) — јапонски фудбалер, кој игра на позициите лево крило и напаѓач за францускиот клуб Ремс и за Јапонската репрезентација.

Репрезентативна кариера Накамура ја претставувал Јапонија на нивоа до 15, 16 и 17 години, настапувајќи на Азиското првенство за млади до 16 години во 2016 г., како и на Светското првенство за млади до 17 години во 2017 г., каде постигнал 4 гола на 4 натпревари, а Јапонија била елиминирана од Англија во осминафиналето.

Во март 2023 г., Хаџиме Моријасу го повикал во Сениорската репрезентација за пријателските натпревари против Уругвај и Колумбија. Дебитирал на 24 март против Уругвај, влегувајќи како замена во 89. минута, а натпреварот завршил со нерешени 1:1. На 15 јуни влегол како замена на почетокот на второто полувреме против Ел Салвадор и го постигнал својот прв гол за репрезентацијата. На 12 септември за првпат настапил во почетниот состав на натпреварот против Турција и постигнал два гола.

Бил вклучен во составот на репрезентацијата за Азискиот куп 2023 во Катар.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 2000 година Категорија:Јапонски фудбалери Категорија:Родени на 28 јули Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026